19 Мај, 2024
0.0309

Гастербајтерите почнаа да го празнат Истокот: Со бугарскиот пасош в џеб Делчевчани тргнаа на печалба

Објавено во: Македонија 23 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Сезоната на италијанските и швајцарски лозја веќе ќе почне.

Токму тие се причината сезонците од крајниот Исток да ги полнат автобусите секоја среда и сабота кои за два дена ќе ги однесат на огромните плантажи грозје далеку од родниот крај и семејствата со една цел-да се спечали денар повеќе за да се преживее годината и издржи семејството.

Со бугарскиот пасош в џеб заминуваат секакви ... полицајци, средовечни мажи и жени, но и многу млади луѓе кои не ја нашле перспективата во Делчевскиот регион.

Граѓани од Делчево вчера утрото наполнија два автобуси. Истото ќе биде и во следните саботи и среди. Во градот ќе останат само учениците, пензионерите и текстилните работнички.

„Немаштијата приморува многумина да се одлучат да бараат подобра егзистенција ако имаат кој да им помогне. Не можеме да опстоиме со 7-10 илјади денари плата . За што попрво да ги дадеме тие пари. За да ги школуваме децата, да ги прехраниме, за сметки ..и едвај ќе го истуркаме месецот“, велат дел од гастербајтерите кои веќе патуваат кон Швајцарија.

Велат не се срамат од тоа што одат на пеачлба.

Ја браниме татковината која не се грижи за своите граѓани. Го изгубивме и тоа достоинство што го имаме, но одејќи да работиме таму ние не се срамиме. Чесно си заработуваме и она што ни е мотив е тоа што е добро платено. Работиме од 6 до 18ч но знаеме зошто работиме“, велат граѓани кои ги пакуваат куферите и наредната недела ќе им се придружат на сезонците.

Глетката е тажна. Ова се случува веќе со години наназад. Борбата за подобар живот кога државата ќе ти ја затвори вратата пред нос и кога ќе ти каже дека твојата диплома не вреди овде бидејќи фотелјата на која треба да седне квалификуван кадар веќе е пополнета од некој со партиска книшка ќе се случува ова. 

Ќе се иселуваат кој каде може и како умее, а политичарите нека продолжат да мудруваат и да се удираат в гради колку е добра економијата на државата која си го избрка народот надвор.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела