30 Април, 2024
0.0268

Ѓаволот доаѓа по своето!

Објавено во: Колумни 11 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Си играме држава. Си имаме премиер, а сите имаат, та и ние си имаме и претседател. Два дена ни се случува Куманово, полицајците ни гинат отстрелани како глинени гулаби, а нив никаде ги нема, за да на крајот и тие се појават. Од тоа што го слушнавме, подобро и да не се појавеа. Се’ кажаа, само  и двајцата не одговорија зошто дозволија Македонија да биде жртва на ваков развој на настаните, каде сигурно најпогодени се семејствата на загинатите бранители. Вториот кој нешто подоцна излезе со изјава, дури немаше ни срам да признае дека 4 месеци знаел за терористичката група. И види ти се молам,  неговата партија пред само една недела без проблеми одржува и конгрес во тој град каде се беше мирно, а  викендов ете „најозогласените терористи“ го изненадија токму него, нашиот Претседател. Премиерот и  Претседателот се клучно одговорните функционери кои бесрамно својата вина ја покриваат со критика до сите субјекти кои укажаа дека „кабаетот“ е кај власта, кај оние кои многу порано требаа да реагират,  за да не ни се случи „Диво Насеље“. Но , проблемот не е од сега. Тој е генериран многу одамна,  сега само му е дозволено да ескалира. Начинот на кој функцонира државата,  односот кој го имаат министрите кон министерствата, премиерот и претседателот кон државничките функции повеќе од јасно е дека не‘ води кон амбис. Неспособноста да се признаат грешките е прв чекор во таа насока, а обидот да се прикријат аргументите доказ дека се е тргнато низводно, конците се отпуштени, а партиските одамна се ставени над државните интереси. Во едно такво миље, можеби само наивните поверуваа  дека и кога институциите на системот не функционираат, народот може мирно да спие. Дури и да се работи за нарачан конфликт, со цел поматување на сметките на опозицијата и опстојување уште некој ден повеќе на постојните позиции, премногу е . Не е ваљда дека властодршците буквално почнале да ја спроведуваат премисата целта ги оправдува средствата . Државниот врв веќе обзнани дека акцијата е завршена, терористите се неутрализирани. Сега се работи на чистење на теренот. Експертите од оваа област се со поделени мислења, за едни акцијата била успешно изведена, за други, премногу жртви за акција од таков калибар. Она што за мене како лаик е неодговорено, а за што мислам дека надлежните должат одговор и на пошироката јавност е, дали со оглед на човечките загуби, МВР успеа да спроведе професионална акција, во која евентуалните жртви ќе беа сведени на минимум? Или, дали е можно, како што тврдат одредени експерти, акцијата да била пробиена од „кртови“ во самото МВР, па полицајците отидоа во акција како „глинени гулаби“?. И да не заборавам, кој дозволи оваа група од повеќе десетици луѓе да влезе во Македонија, и да узурпира цела една населба? Ова се прашања кои секако во иднина ќе мора да се анализират од страна на надлежните и притоа јасно да им бидат објаснети пред се‘ на безбедносните структури, оние кои директно ги ставаја своите „глави во торба“, за нечиј интерес и поради  шарлатанско и непрофесионално однесување. Не смее да се заборави дека тоа е резултат на повеќегодишната политика на партизирање на институциите, што јасно се виде и од разговорите  во аудио снимките што ги слушна јавноста.  Со таков начн на менаџирање не треба да се прават подлабински анализи за да се констатира дека ова што се случи во Куманово можеби е и очекуван развој на настаните. Затоа што терористи и луѓе што и мислат лошо на некоја држава  сигурно нема само во и околу Македонија. Нив ги има насекаде, но само држава чии институции професионално си ги извршуваат своите задачи многу полесно ги пресретнуваат ваквите групи, ги неутрализират или истите не се осмелуваат ниту да  делуваат. Ако нешто ми дава сила да верувам во „македонското утре“ секако е како никогаш досега  сплотеноста која владее на меѓуетнички план, помеѓу Македонци, Албанци, Роми, Срби, Власи, Турци. Мислам дека сите ја прочитаа  и разбраа главната лекција . Додуша на нас кој живееме во Македонија и ја паметиме 2001 та година, ова ни е повторување на градивото, но можеби и затоа сме сите помудри. Мислам дека единствено вака сплотени, и јасно лоцирајќи ја вината за ваквиот развој на настаните ќе дојдеме побрзо и до расплет на кризата, која ако не ја санираме од темел лесно може да се префрли и на друга локација, некое друго „Ново насеље“. Искрено, и тајмингот за ваквиот развој на настаните е дискутабилен, кога финишираат бомбите на опозицијата и кога на големо се подготвува митингот закажан за 17 мај. Несакам да навлегувам во понатамошна разработка на ефектите од партиското полтронство, како што несакам и да ги гледам ожалостените  фаци на Груевски и Јанкуловска. Од нив, единствено што барам е одговор на прашањата, затоа што ова што сега ни се случува е токму поради нивниот начин на практикување на власта. Додека тие си играа држава, некој во меѓувреме најде слободен простор да делува. Очигледно,  ѓаволот почна да доаѓа  по своето.   Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД