18 Мај, 2024
0.0316

ГАЗДИ „ФАЛСИФИКАТОРИ“ - сами си издавале дозволи за движење, МВР со кривични пријави

Објавено во: Македонија 12 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Многу газди на фирми сами си издавале дозволи за движење во време на полициски час, односно правеле фалсификати, за што некои заработија и кривични пријави. 

„Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Основно Јавно Обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Р.Р.(38) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување исправа“ во врска со кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“ и против А.Р.(43) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“.

Првопријавениот во својство на сопственик на правно лице, во кое управител бил второпријавениот, во период на постоење на вонредна состојба и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ, си издал дозвола за движење во период од 16.00 до 21.00 часот и покрај тоа што немал регистрирано сменска и ноќна работа. Притоа, во два наврати бил сопрен и контролиран од страна на полициски службеници и на увид ја приложувал лажно изработената дозвола“, соопшти МВР.

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал, пак, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднел кривична пријава против А.К.(40) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. 

„Пријавениот А.К., во својство на сопственик и управител на правно лице, во период на постоење на вонредна состојба и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ, си издал дозвола за движење во периодот од 14.00 до 19.30 часот и покрај тоа што немал регистрирано сменска и ноќна работа. Притоа, на 22.04.2020 бил сопрен и контролиран од страна на полициски службеници и на увид ја приложил таа дозвола“, соопшти полицијата.

Има уште еден случај.  

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднел кривична пријава против Ш.М.(35), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. 

„Пријавениот, во својство на управител на кафе бар, во период на вонредна состојба и Одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на цела држава, си издал „дозвола за движење на вработен“ во која навел дека ја издава заради менаџирање на објектот, а за кој е во важност забрана за работа. На 16.04.2020 во 23.30 часот, за време на забрана за движење, на влез во село Арачиново, пријавениот бил сопрен од полициски службеници, при што на увид ја приложил лажно изработената дозвола“, соопшти претходно полицијата.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада