Газирани сокови – Ја менуваат ли структурата на мозокот?
Објавено во: Стил 08 Септември, 2014 16:35
Газираните пијалоци не добиле добри оценки кај многу истражувања, кои покажале дека нивното зголемено консумирање може да го зголеми ризикот од астма, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), шеќерна болест кај трудница, агресивност кај тинејџери, зголемен ризик од рак на матката, а сега на овој список австралиските истражувачи му го додале и оштетувањето на мозокот.
Истражувачи од Универзитетот Macquarie од Сиднеј утврдиле како долгорочното консумирање на зашеќерени газирани сокови може да доведе до хиперактивност и промена на стотици протеини во мозокот, а слични промени се забележани кај низа болести, од рак до Алцхајмерова болест.
„Многу истражувања го анализирале ефектот на исхрана богата со сахароза на васкуларното здравје, дебелина и развој на дијабетес, меѓутоа малку од тоа е познато за последиците за менталното здравје и функциите на мозочните станици. Мислам дека можеме да кажеме дека консумирањето на премногу газирани пијалоци може да ја промени хемијата на мозокот, еднакво како и обемот на струкот“, објаснува Џен Франклин, водителката на студијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





