27 Април, 2024
0.0282

ГЕНЕРАЛ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ СЕ СЕЌАВА НА КАРПАЛАК: Херои македонски, вечна ви слава

Објавено во: Македонија 08 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Да не се заборави.

Изминаа 19 години од нападот на македонските бранители кај Карпалак, во кој загинаа 10 млади војници.

На настанот се сеќава и Стојанче Ангелов, тогашен генерал во безбедносните сили. 

„На денешен ден 2001-та, од страна на УЧК, кај месноста Карпалак е нападната единица на АРМ која од прилепската касарна преку Скопје се движела кон Тетово.
Во заседата загинаа 10 македонски херои, припадници на резервниот состав на АРМ:
Ердован Шабаноски (20)
Веби Рушидоски (26)
Марко Деспотоски (27)
Дарко Вељаноски (27)
Горан Миноскии (29)
Пеце Секулоски (29)
Љубе Грујоски (31)
Сашо Китаноски (39)
Бранко Секулоски (42)
Нане Наумоски (48)
Вечна ви слава, херои македонски!“, напиша Ангелов на фејсбук.

А настанот го одбележа и Владата.

Во име на Владата на Република Северна Македонија, Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата, денеска, положувајќи свежо цвеќе на спомен-плочата во месноста Карпалак, на автопатот Скопје - Тетово, оддаде почит и учествуваше во одбележувањето на 19-годишнината од за загинувањето на десетмината припадници на резервниот состав на Армијата во оружениот конфликт во 2001 година.


Пред спомен обележјето посветено на прилепските бранители, венци со свежо цвеќе положи и делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, делегации на прилепската локална самоуправа, претставници од составот на резервните воени обврзници, членови на семејствата и пријатели на загинатите.

Споменот и одбележувањето на годишнината од смртта на десеттемина армиски резервисти започна синоќа во Прилеп, каде во име на Владата на Република Северна Македонија, советникот на претседателот на Владата, Драган Василевски, положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во касарната „Мирче Ацев”, како и пред споменикот на бранителите во прилепското село Лениште.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“