27 Април, 2024
0.0301

Генерали го увериле Пендаровски дека нашата Армија е подготвена за НАТО

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во касарната „Боро Менков“ во Куманово, присуствувал на воена свеченост, со којашто се одбележа 17 октомври, денот на Здружената оперативна команда.

Целта на единицата е да ги подготви силите на Армијата за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и на пошироките интереси на државата, како и да учествува во операции за поддршка на мирот, превенција и справување со конфликти и кризи во операции предводени од меѓународни организации. Здружената оперативна команда се состои од механизирана пешадиска и воздухопловна бригада, бригада за логистичка поддршка, баталјони за врски и на воена полиција, како и команда на резервни сили.

Претседателот Пендаровски се сретнал со неколку генерали во Армијата. Во пресрет на полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, во фокус на разговорите биле состојбите и подготвеноста на нашата Армија. 

„Во таа насока, соговорниците се согласија дека нашата Армија е рамноправна со војските на останатите земји членки на Алијансата и дека членството на Северна Македонија во НАТО забрзано ќе придонесува кон уште поголемо јакнење на капацитетите на Армијата“, соопштија од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“