26 Април, 2024
0.0255

Генерали инвестментс: Да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари

Објавено во: Финансии 27 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Новата недела носи дополнително смирување на политичката состојба во САД. Првите потези на Бајден беа очекувани и не донесоа големи поместувања во економиите. Тие се фокусирани на борба против пандемијата, но веќе постои очигледен притисок врз „повалканите“ индустрии. Новите  истражувања за нафта и гас на државно земјиште и на Арктикот се стопирани, како и мегаломанскиот проект за изградба на нафтовод од Канада до САД.

Пандемијата продолжува да расте на глобално ниво, иако контурите на врвот на вториот бран веќе се прикажани во некои големи земји, особено во САД и Велика Британија. Луѓето се повеќе се загрижени за новите видови што се шират побрзо и се закануваат за понатамошно широко ограничување на јавниот и економскиот живот. Како резултат на тоа, потрошувачите и менаџерите беа помалку оптимистични во текот на изминатата недела, особено во однос на услужната индустрија. Бизнисите поврзани со угостителство, туризам, превоз на луѓе и услуги поврзани со физичко присуство на луѓе, се обидуваат да најдат начини да преживеат до летото, кога се очекува доволно луѓе да бидат вакцинирани и заразени за да можат да се олабават мерките.

ТУИ веќе ја обезбеди својата трета државна помош, како и Еуростар, железничка компанија под Ла Манш, која пренесе 11 милиони патници во 2019 година и годинава се соочува со банкрот по 95% пад на сообраќајот. Според некои податоци, дури една десетина од германските компании, особено помалите, живеат само од државна помош. Затоа, се поставува прашањето што ќе се случи кога ќе заврши пандемијата. Луѓето ќе се вратат на старите навики или новите навики ќе станат толку силни што едноставно нема повеќе помош за овие компании.

Но, државната помош суштински ќе ги поткопа јавните финансии. Последен пат земјите толку силно и брзо го зголемија својот долг за време на Втората светска војна. Овој пат тие го создаваат уште побрзо, бидејќи на многу места го заменуваат позајмувањето со печатење пари, а централните банки потоа купуваат обврзници на пазарите. Ова го зајакнува стравот од идна инфлација. Дали тоа навистина ќе се случи никој не знае, но факт е дека цените на многу суровини нагло се зголемија во последните месеци и недели и како резултат на тоа, компаниите исто така полека почнуваат да ги зголемуваат своите цени. Иако американската министерка за финансии Јелен малку ги олесни очекувањата за инфлација, а од друга страна го поддржува континуираното печатење пари, таа додава оган на очекувањата на поборниците за претстојната повисока инфлација.

Пазарите го разнишаа политичкото влијание во текот на минатата недела и се фокусираа на деловните резултати. Објавувањето на резултатите за последниот квартал на 2020 година и очекувањата за 2021 година се во полн ек. Оваа недела ги очекуваме најавите на некои од најголемите технолошки компании, откако банките традиционално ја отворија сезоната со солидни резултати, кои се доста “козметички разубавени”. Најголемите ИТ компании, кои успеаја да ги донесат индексите на САД на рекордно ниво, застанаа на удар, додека најпропулзивните акции со највисоки проценки повторно остварија висок раст, што во првите три недели од оваа година може да се измери за 20 проценти или повеќе.

Уделот на малите инвеститори кои тргуваат на берзи на дневна основа станува рекорден и тие веќе имаат скоро половина од целиот промет на берзите.  Поради ова, пазарната капитализација на американскиот пазар достигнува 263% од американскиот БДП, што е највисоко во историјата, како и највисоко во историјата на најрелевантните индикатори на берзата, како на пр. eвалуација на ЕВ / ЕБИТА или ЕВ / Продажба. Тука и таму, сè уште постои индикатор кој не ја надмина проценката од балонот дотком во 2000 година, но дури и овие индикатори брзо се приближуваат до највисоките вредности. Единственото нешто што останува под просекот е јазот помеѓу приносот на обврзниците и проценките на берзата. Но, ова е посиромашна утеха, бидејќи сите показатели покажуваат дека пазарот на обврзници исто така се проценува многу високо, главно поради печатењето пари и купувањата на централната банка. Затоа, во овој момент, поголема претпазливост не е излишна, бидејќи може да има корекција на пазарите, а корекцијата ќе биде подобра точка за влез на пазарот со дополнителни или нови пари. Дополнителен сигнал за претпазливост е “поплавата” од првите продажби на акции од приватни компании и котација на компании на берза кои имаат тешко разбирливи или многу далечни идни деловни модели.

Совети за инвеститорите:

Развојот на пандемијата, претстојните стимулативни пакети и ликвидноста на централните банки продолжуваат да ги обликуваат берзите. Акциите на компаниите од технолошкиот сектор, е-трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст, но со многу високи проценки, претпазливоста не е излишна. Скапите обврзници и негативните приноси од банкарските продукти продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите првенствено во инвестиции во акции, а гледаме сè поголем шпекулативен раст, кој граничи со манија. Инвестиција која не нуди ништо друго освен приказна станува сè пожешка приказна.

Поради високите проценки, советуваме поголема претпазливост и се држиме до општата препорака дека е неопходна диверзификација на портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Продолжува ликвидносната поддршка и за обврзници и за акции.

Можностите надвор од технолошкиот сектор се привлечни, особено во сегментите на пазарот кои очекуваат силна промена на подобро во деловното опкружување како резултат на вакцините или влијанието на политиките. Еден таков сегмент е сè што е поврзано со почиста животна средина и поодржлив начин на живеење, каде што е потребна претпазливост во последните неколку недели по силниот раст. На некои места, силниот скок можеби започна да ја надминува реалноста во работењето на овие компании, но во услови на енормна ликвидност, ова засега не ги загрижува инвеститорите. Ако вакцината е ефикасна, тогаш динамиката во најпогодените сектори ќе се промени од корен и ротацијата помеѓу индустриите ќе се интензивира. Трендот на раст на пазарите може да продолжи како резултат на стимулативниот пакет, кој е повеќе фокусиран на индустријата, инфраструктурата и поеколошки живот, но во 2021 година можеме да очекуваме малку поинаква структура на раст. Историјата не учи дека главните двигатели на растот на пазарот драматично се менуваат со текот на времето. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални учества може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја преживеале оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова вклучува главно здравство, индустрија и нега, но исто така и повеќе засегнати индустрии со цел додавање зачин.

Инвеститорите со долгорочни цели на заштеди потребно е да истраат и да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума истата потребно е да ја распределат на подолг временски период. Дигитализацијата, автоматизацијата, е-трговијата, работата од дома, почистата енергија, водењето бизнис во согласност со општествените норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ЕСГ се долгорочни трендови. Компаниите и индустриите на кои им е тешко да се прилагодат на ова, ќе станат сè помалку популарни меѓу инвеститорите. Иако флуктуациите во една или друга насока можат да бидат силни, тие сами по себе не треба да нè заведат кога размислуваме како да го структурираме и креираме портфолиото за долг период на заштеда.


Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот