Генералниот потсекретар на Обединетите нации и Администратор на УНДП, Хелен Кларк во официјална посета на Скопје и Преспа
Објавено во: Мои пари 22 Март, 2017 12:18
Генералниот потсекретар на Обединетите нации и Администратор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Хелен Кларк, ќе допатува во дводневна посета на 24-25 март 2017 год.
Целта на нејзината посета е да се обрати на светската премиера на „Езеро од јаболка“, документарен филм кој зборува за резултатите од долгогодишните напори на УНДП и Општината Ресен за намалување на загадувањето на Преспанското Езеро, кои се финансиски поддржани од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.
Премиерата на филмот ќе се одржи во Кинотека „Македонија“, во петок, 24 март 2017 година со почеток во 19.00 часот.
Претходно дента, Хелен Кларк ќе го посети Тетово за да се запознае и со проектите на УНДП за заштита од поплавите.
Вториот ден, на 25 март, Кларк ќе го помине во Преспанскиот регион, во Ресен и Стење. Таму таа ќе се запознае со Програмата за заштита на Преспанското Езеро и ќе ги посети некои од најуспешните проекти спроведени од страна на УНДП во текот на изминатите години.
Администраторот на УНДП, Хелен Кларк ќе оствари средба со претседателот Ѓорѓе Иванов и со премиерот Емил Димитриев.
Кратка биографија:
Хелен Кларк е Администратор на УНДП од 17 април 2009 година и е прва жена на чело на оваа организација. Таа, исто така, е претседавач на Групата за развој на Обединетите нации, тело составено од раководителите на сите фондови, програми и оддели на ООН кои работат на прашањата од областа на развојот.
Пред да биде именувана на оваа позиција, Хелен Кларк помина три успешни мандати како премиер на Нов Зеланд, од 1999 до 2008 година. Како премиер таа беше посветена на политиките на развој на меѓународно ниво, економските и културните прашања. За време на нејзиниот мандат, Нов Зеланд забележа особен економски развој, снижување на стапката на невработеност и рекордни инвестиции во образованието и здравството.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




