23 Јуни, 2024
0.0285

Генералниот секретар Миле Зечевиќ поднесе оставка во СДСМ

Објавено во: Македонија 23 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Миле Зечевиќ повеќе не е генерален секретар на СДСМ по денешната седница на владеачката партија која доживеа катастрофален пораз на парламентарните избори. Оставка е одредена и за вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ како секретар за меѓународна соработка. 

СДСМ сооптшти дека е поднесена оставка од целото раководство на партијата. Оставки нема само уште од членовите на Централниот одбор. Од вчера претседател на СДСМ повеќе не е Димитар Ковачевски.

„На 23 та седница Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци.

▫️Претседателот Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

▫️Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

▫️Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

▫️Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

▫️Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

▫️Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, ги соопшти одлуките СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

Поради обилни врнежи сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата

Поради обилни врнежи сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата

ОДРОНИ И КАЛ НА АВТОПАТОТ КАЈ ТЕТОВО: од невремето карпи паднаа на улицата и направија проблеми во сообраќајот (ВИДЕО)

ОДРОНИ И КАЛ НА АВТОПАТОТ КАЈ ТЕТОВО: од невремето карпи паднаа на улицата и направија проблеми во сообраќајот (ВИДЕО)

ВЕТРОТ ОТКОРНА ЖЕЛЕЗЕН МОСТ: оштетени возила кои поминувале под мостот (ФОТО)

ВЕТРОТ ОТКОРНА ЖЕЛЕЗЕН МОСТ: оштетени возила кои поминувале под мостот (ФОТО)

ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИТЕ НИЗ СКОПЈЕ - проодноста отежната, возачите бараат алтернативни решенија (ФОТО)

ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИТЕ НИЗ СКОПЈЕ - проодноста отежната, возачите бараат алтернативни решенија (ФОТО)

НЕВРЕМЕТО ПРИСТИГНА И ВО СКОПЈЕ: силен дожд, проследен со грмотевици и град (ВИДЕО)

НЕВРЕМЕТО ПРИСТИГНА И ВО СКОПЈЕ: силен дожд, проследен со грмотевици и град (ВИДЕО)

Замина Исуф Кадриу, заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ

Замина Исуф Кадриу, заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ

„Македонија не смее да остане на опашката во евро интеграциите“: Муцунски вели „ќе работиме макотрпно“

„Македонија не смее да остане на опашката во евро интеграциите“: Муцунски вели „ќе работиме макотрпно“

ЕВН ЌЕ ЈА ИСКЛУЧУВА СТРУЈАТА ВО ТЕТОВО УЛИЦА ПО УЛИЦА: по барањата на пожарникарите

ЕВН ЌЕ ЈА ИСКЛУЧУВА СТРУЈАТА ВО ТЕТОВО УЛИЦА ПО УЛИЦА: по барањата на пожарникарите

ТЕТОВО ПОД ВОДА - се бара исклучување на струјата, поради опасност од струен удар (ВИДЕО)

ТЕТОВО ПОД ВОДА - се бара исклучување на струјата, поради опасност од струен удар (ВИДЕО)