„Македонија не смее да остане на опашката во евро интеграциите“: Муцунски вели „ќе работиме макотрпно“
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2024
Мојата професионална определба беше академската средина. Но сметав дека можам многу повеќе да придонесам доколку теоријата ја претвораме во пракса.
Ја оставам општина Аеродром со многу проекти, исправена и подготвена за многу новини и решенија кои ги бараат граѓаните. Каде и да сум, секогаш ќе бидам тука за Аеродром. Овој пат Македонија мораме да ја издигнеме над просечноста, ја победивме апатијата, но тоа не е доволно, време е да ја промениме реалноста и да ги започнеме промените, објави Тимчо Муцунски, досегашен градоначалник на општина Аеродром, иден Министер за надворешни работи.
Македонија не смее да остане на опашката во евро интеграциите. Мораме да покажеме одлучност и посветеност во исполнување на стратешките интереси за полноправно членство во ЕУ. Но и спремност да ги одбраниме идентитетските прашања кои се наше право и должност, кажа тој во своето обраќање.
Воедно да ја употребиме дипломатијата во функција на економијата. Да привлекуваме инвестиции кои ќе го отворат патот за подобар живот и повисок животен стандард. Македонија ќе биде почитувана. Ќе работиме макотрпно во промоциjа на вредностите во кои верувам. Државата да ја вратиме на народот. Инвестиции и дипломатија за тебе, за сите нас. Почнуваме! - кажа Муцунски.
Еве го обраќањето на Муцунски:Фото: Принтскрин/Фејсбук
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.