27 Април, 2024
0.0279

Генералниот секретар на ДИК за отворената истрага: Некој не ги наместил коцките од мозаикот како што треба

Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Информациите се доста штури, некој сакал да го сложи мозаикот, но коцките ги местел на погрешен начин, ја коментира Добре Јанчев, генералниот секретар на Државната изборна комисија, вчерашната одлука на Обвинителството за организиран криминал и корупција да започне истрага против четворица членови на ДИК, меѓу кои е и претседателот Оливер Дерковски.

Јанчев е на иста линија со Дерковски, кој вчера по соопштението на ОЈО рече дека дека постапката за набавклата на софтвер за следење на предвремените парламентарни избори била целосно легална. Секретарот вели дека истрагата нема да влијае на вонредните локални избори во Штип и Пласница на 13 декември.

- Не гледам какво влијание би имала истрагата на изборниот процес. Тоа се две сосема различни работи. Ние како општество и како граѓани треба да ги оставиме институциите да си ја работат својата работа, вели Јанчев.

Уверува дека ќе се најде соодветно решение за онлајн платформата на ДИК да не го доживее истиот напад.

- Се работи, условно кажано, и на тоа дали ќе одиме со различен систем, само за потсетување дека во 2019 покрај претседателските избори имавме избори и за тројца градоначалници во три опптини така што Државната изборна комисија ги има софтверските решенија, ја има стручноста, подготвенсота и искуството, така што очекувам дека овој пат ќе биде поинаку, вели тој.




Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир