15 Декември, 2025
0.0267

Германци сакаат да произведуваат месо во Србија

Објавено во: Балкан 30 Јануари, 2014 08:18

Добивај вести на Viber

Еден од најголемите сточарски концерни во Европа, Ангус група од Германија, сака да инвестира во производство на месо во Србија заедно со српските земјоделци. Германците би вложувале во Србија со помош на поволни кредити од германската развојна банка KFW. „Во секоја земја во која го почнавме нашиот систем на производство, многу брзо порасна побарувачката за тоа месо. Ангус група се занимава со системски решенија за одгледување на добиток, од производство, до месо на чинија“, изјави претседателот на Ангус група, Бернард Деле во Стопанската комора на Белград. Деле посочи дека во наредните неколку дена ќе ги заобиколи локациите погодни за започнување со производство на месо во Србија и дека прво ќе ги посети Сремска Митровица, Ваљево и Бечеј, каде, според нивните информации и проценки, најбрзо би можело да се започне со производство. Предноста на Ангус говедско е тоа што, таа раса, како што рече, е многу адаптибилна и може да се одгледува на температури од минус 20 до плус 30 степени. Ангус групата, својот систем на производство ја има воведено во неколку европски земји - Австрија, Швајцарија, Романија и Шпанија и нејзините претставници дојдоа во Србија како би собрале информации за можностите за производство. Ангус група во текот на четиридневната посета, ќе разговара за соработка во областа на говедарството со претставници од земјоделските комора, компании од агробизнис секторот и разни здруженија. Агенцијата Стелон и Ангус концернот ќе им понудат на српските земјоделски здруженија и стопански субјекти кои се занимаваат со сточарска дејност, партнерство во производство на добиток, со обезбедување на поволни кредити од KFW. А.А.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството