ГЕРМАНЦИТЕ ПОДОЦНА ЌЕ ОДАТ ВО ПЕНЗИЈА: Старосната граница се поместува
Објавено во: Свет 23 Декември, 2024 15:03
Се поместува старосната граница за пензионирање во Германија.
Редовната старосна граница за старосна пензија постепено ќе се зголемува до 2031 година на 67 години. Право на редовна пензија ќе имаат родените 1960 година од 2025 година кога ќе наполнат 66 години и 4 месеци.
За оние кои се родени подоцна, границата ќе се зголеми за 2 месеци по година од раѓање. Од генерацијата 1964 година па наваму, старосната граница продолжува да расте со чекори од 2 месеци. За оние родени во 1964 година старосната граница е 67 години.
За пензијата без одбитоци за долгорочни осигуреници (претходно пензионирани на 63 години) границата се зголемува од 63 на 65 години. Лицата родени 1961 година може да ја добијат оваа пензија кога ќе наполнат 64 години и 6 месеци. За оние кои се родени подоцна, границата се зголемува за два месеци годишно од раѓањето. Од генерацијата 1964 година старосната граница за пензионирање ќе биде 65 години.
Луѓето со долгорочно осигурување можат да добијат пензија и пред навршување на редовната старосна граница за пензионирање доколку се осигурени најмалку 45 години на задолжително пензиско осигурување. Предвремено пензионирање, дури и со одбитоци, не е можно.
Фискалниот совет во земјава даде предлог, старосната граница да се зголеми на 67 години за мажи и жени. И Светска банка предлага зголемување на старосната граница, нешто што за граѓаните е неприфатливо, а и власта се изјасни дека нема да има промени.
Можеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




