Добивај вести на Viber
Германија е најпосакувана дестинација за емигрантите во Европа и го зазема второто место во светот, по САД, во последното истражување на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) .
Со години САД е нај атрактивното место за барателите на својата среќа во странство, коментира Bloomberg . Во годините на кризата сепак Германија се повеќе го привлекува вниманието и веќе ги превзема земјите како Велика Британија која е на трето место во рангирањето и Канада на петто место во рангирањето. Кон земјата има бран на емигранти од јужните европски држави, особено Балакнот во кои невработеноста, особено кај младите, скокна до сериозни нивоа.
Според податоците на ОЕЦД во 2009 година Германија беше на осмото место меѓу најатрактивните дестинации за емигрантите. Во 2012 година, сепак веќе се искачува до второто место. Бројот на постојаните мигранти во земјата расте до 400 илјади или за 38% за само една година (наспроти 2011 година ).
Според статистичките податоци на ОЕЦД обратен тренд - на силен одлив на имигранти пак е забележан во Шпанија. Во 2009 година земјата привлекла 692 илјади лица, но во 2012 година нивниот број достигнал само 275 илјади. Сепак податоците за 2012 година покажуваат дека Шпанија е на четвртата најпосакувана дестинација во светот за мигрантите и трета во Европа - по Германија и Велика Британија.
КОРИСТ ОД МИГРАЦИЈАТА
Германија е една од земјите со најголем процент на сé постаро население и ниска стапка на наталитет во Европа. Имигрантите во земјата се дел од решението на оваа демографска криза, и за тоа властите решаваат во 2000 година да ја променат политиката, и да ги привлечат високо квалификуваните луѓе.
25 години по изјавата на канцеларот Хелмут Кол, дека Германија "не е и никогаш нема да биде имигрантска земја" еден од тројца мигранти во Европа се насочува токму кон Германија. Во 2007 година односот беше еден од секој десетина мигранти.
34% од новите имигранти во Германија се високо образовани. Од статистиката е видно дека Германците не можат да се загрижени дека новодојденците ќе ги истрошатсоцијалните фондови - процентот на вработените се зголемува до 69%, наспроти 66% во 2009 година.
Генерално, сепак Европа заостанува прилично при привлекување на образовани имигранти. Лидер е Канада, во која образованите имигранти сочинуваат 31% од работната сила. На второ место се наоѓа САД со 21% и дури тогаш е Европа со 14%.
K.K.