Германија моли за работници за дури 96 професии
Објавено во: Мои пари 14 Јули, 2015 12:02
За 96 професии во Германија има недостиг на квалификувана работна сила, покажува истражувањето на Институтот за економски истражувања во Келн, пишува весникот "Велт".
Најтешко се наоѓа персонал во областа на здравството, покажува истражувањето што го опфаќа периодот меѓу август 2011 и април 2015 година.
Особено тежок бил овој период во три сфери: научни и технолошки професии - инженери-механичари и инженери-оператори на машини; традиционален рачен квалификуван кадар за хигиеничари и работници за одржување на грејни и климатизациски системи; вработени во системот на здравствената заштита.
Засегнати се околу 20 професии во овие три сфери, како кај нив се забележува и силна феминизација. Ситуацијата може да се подобри, ако вработени на делумно работно време во овие професии можат да се пренесат на полно работно време, но тоа ќе бара да се прошири мрежата на детски градинки, за да можат вработените жени да си го дозволат тоа.
Над 5 милиони луѓе работат во овие дефицитарни занимања, а 1 милион од нив се на делумно работно време, 670 000 од нив само во здравствениот сектор.
Според Нирнбершкиот институт за економски анализи ако нема имиграција, бројот на вработени луѓе во Германија ќе се намали од 45 милиони како што е денес до 37,5 милиони во 2030 година и до 29 милиони во 2050 година.
Ако сакате работа и тоа во една од најдобрите светски економии, а притоа и исполнувате дел од квалификациите за слободните места кои се споменуваат овде, тогаш нема да погрешите ако си ја пробате среќата.
Статистички гледано, Германија е и најпосакуваната земја за работа од страна на оние кои се решиле подобра иднина за себе и своето семејство да градат на европскиот континент.
К.К.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




