Германија веќе нема да им помага на САД во Сирија
Објавено во: Свет 08 Април, 2017
Германските војници од мисијата „Торнадо“ нема да им помагаат за воздушните напади на САД во Сирија, изјави министерот за одбрана Урсула фон дер Лаиен.
„Нашите воздушни сили имаа јасно дефинирана улога во меѓународната антитерористичка коалиција, која се состоеше во информирање за мисиите против радикалната организација „Исламска држава“, изјавила таа .
Дер Лаиен истакна дека Германија помагала само во борбата против џихадистичката група и нема никаква врска со одлуката на САД да изврши напади во Сирија.
Лаиен истакна дека американските сили не побарале германска помош пред нападот во азиската држава.
Доцна во четвртокот САД лансираа 59 ракети „Томахавк“ врз воениот аеродром на сириската армија во провинцијата Хомс. Ударот доаѓа како одговор на хемискиот напад против провинција Идлиб, за која Западот тврди дека е дело на власта во Дамаск.
Вашингтон го избра токму овој објект, бидејќи смета дека од овој аеродром почнала нападот со хемиско оружје.