Германската амбасада во Скопје: Не се точни информациите за престој без дозвола за работа
Објавено во: Економија 03 Јануари, 2019
Германската амбасада во Скопје во Скопје ги негира информациите објавени во медиумите дека граѓаните на земји кои не се членки на ЕУ можат да останат во Германија 6 месеци без договор или дозвола за работа.
"Информации во врска со новиот закон, кој треба да влезе во сила на 1.1.2019 и кој им овозможува на граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ да останат 6 месеци во Германија без договор за работа и без дозвола за работа, не се точни ", се вели во одговорот на Амбасадата.
Во врска со условите и времето на чекање за добивање визи за вработување во Германија, можете да добиете информации на веб-страницата на Германската амбасада во Скопје: https://skopje.diplo.de/mk-mk/service/visa-einreise