Германската министерка за правда против задолжително вакцинирање, но Владата да престане да им нуди бесплатни тестови на невакцинираните
Објавено во: Колумни 26 Јули, 2021 15:52
Германската министерка за правда истакна дека е против задолжителна вакцинација и воведување ограничувања за оние кои не сакаат да се вакцинираат.
Да потсетиме, висок службеник на германската влада вчера навести дека поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус на есен, може да се воведат ограничувања за луѓето кои не биле вакцинирани против ковид-19.
„Вакцинираните луѓе дефинитивно ќе уживаат повеќе слободи од оние кои не се вакцинирани“, изјави раководителката на уредот на канцеларката Хелге Браун за Билд.
Министерот задолжен за координација во итни случаи предупреди на постојан пораст на инциденцата во последните неколку недели.
„Ако бројот на инфекции продолжи да расте, невакцинираните лица ќе мора да го ограничат контактот. Ова значи дека посетите на киносали, ресторани или стадиони нема да бидат можни дури и за невакцинирани лица кои имаат негативен тест затоа што дури и оние кои биле тестирани негативни имаат голем ризик од пренесување инфекцијата“, рече демохристијанот Браун.
Министерката за семејство и правда, Кристин Ламбрехт, го отфрли предлогот на Браун да забрани невакцинирани лица да влегуваат во ресторани, кина и слични простории. Таа верува дека сегашниот систем е ефикасен, но рече дека владата може да престане да им нуди бесплатни тестови на луѓето кои одбиваат вакцина.
„Нема да има општа обврска за вакцинирање“, рече Ламбрехт во интервју за Дојчландфунк, а пренесе ДВ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





