18 Мај, 2024
0.0260

ГЕРМАНСКИ АНАЛИТИЧАР: Ако се распадне ЕУ тоа ќе биде на Балканот!

Објавено во: Свет 07 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Европската унија конечно мора да го сфати Балканот како свој приоритет и не би смеела да го препушти на Русија, САД или Турција, смета германскиот автор и колумнист на неделникот Цајт Улрих Ладурнер.

Ладурнер во својата колумна напишал дека, доколку ЕУ се распадне, тоа ќе се случи таму каде што таа е најслаба-на Балканот, каде на неа од надвор влијаат моќни сили.

„Намерно избрав една таква силна слика, сакав да привлечам внимание на јавноста на Балканот. Имам чуство дека во овој момент таму нешто се подготвува од различни причини. Секако дека сите тие земји не се членки на ЕУ, но мојата аргументација е јасно - тоа е дел од Европа и мора да остане дел од Европа. И тоа јасно треба да се сигнализира“, наведува Ладурнер во интервју за Дојче Веле.


На констатацијата дека ЕУ не го поставува Балканот како приоритет, авторот вели дека имало други кризи на кои ЕУ морала да посвети внимание.

„Политиката била во константен кризен модус, а за решавање на проблемите на Балаканот е потребна концентрација, но и издржливост и упорност. Во тоа ЕУ не успеала бидејќи и сама се бори за преживување. Дополнителен проблем е што на Балканот со тек на време се формирале структури кои се спротивставуваат на реформите и сега е тешко да се разбијат“, наведува Ладурнер.

Додава како треба да се потсетиме на деведесетите години на минатиот век.

„Балканските војни се завршени благодарение на американските интервенции и ангажмани на администрацијата на Клинтон. Европјанците не мрднаа ни со прст во БиХ, ни на Косово. Не можам да замислам дека Доналд Трамп Балканот денес претерано го интересира“, рекол аналитичарот.

Поради тоа ЕУ, вели и има одговорност да се погрижи околу тој регион, и тоа во сопствен интерес.

„Балканот не смее да им се препушти на други. Ниту на Американците, а ни на Русите“, порачува колумнистот на Цајт.

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков