Германски пратеници во Приштина кажаа што мислат за размена на територии
Објавено во: Балкан 19 Декември, 2019
Германски пратеници кои го посетија Косово велат дека размената на територии е опасна.
Петер Бајер и Кристиан Шмид на денешната конференција во Приштина зборуваа и за идејата за размена на територии помеѓу Косово и Србија.
Овие двајца пратеници кои се дел од Бундестагот, велат дека дискусиите за размена на територии се опасни. Шмид изјави дека патот на Косово до ЕУ нема да биде лесен со вакви дискусии.
„Патот на Косово за интегрирање во ЕУ нема да биде полесен ако продолжиме да разговараме за размена на територии. Напротив мислиме дека ова работа е крајно опасна“ - рече тој.
Бејер и Смит се сретнаа со претставниците на Движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово во обид да се најде дооговор за формирање на влада.
Македонскиот претседател Стево Пендаровски, вчера во Собранието при првиот говор откако стапи на функција, го повтори ставот дека е против промена на границите на Балканот. Тој процени дека ова сигурно ќе го врати Балканот во раните 90-ти години, предизвикувајќи тензии и најверојатно нови конфликти.