26 Април, 2024
0.0271

Германски професор се извинува на Србите за НАТО бомбардирањето пред 20 години

Објавено во: Балкан 23 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Пред 20 години НАТО започна да ја бомбардира Југославија, а германските војници за првпат по Втората Светска Војна се најдоа во воен ангажман.

НАТО-бомбардирањето на Сојузна Република Југославија, е воена операција на НАТО против СР Југославија што траела од 24 март до 10 јуни1999 година, како дел од Косовската војна. Тоа е втора поголема борбена операција на НАТО, по бомбардирањето на босанските Срби во 1995 година.

Германските активисти сакаат да покажат знак на солидарност и бараат од српскиот народ простување за контроверзниот напад.

Иницијатор на примирјето е политичкиот научник и професор Раинер Ротхфус. Во интервју за Спутник тој изјави дека не постоела одлука на Советот за безбедност за воената операција во југославија, а ангажирањето на германските активисти бил почеток на првата нелегална меѓународна војна,од периодот на нацистите.

„Ние не водиме војна, но сме повикани да пронајдеме мирно решение за Косово со воено оружје“ - рече германскиот канцелар Герхард Шредер на 24 март 1999 година го објави учеството на Германија во воздушните напади над Југославија.

За потсетување оваа војна започна во текот на 1998. и 1999 година кога на Косово се појавила герилската Ослободителна Војска на Косово (ОВК) составена од етнички Албанци, која со мали поединечни акции се спротивставувала на српската полиција и војската на СРЈ. Тврдејќи дека герилците се закана за локалните Срби на Косово, како и за заштита на интегритетот на СРЈ, Милошевиќ презел поголеми воени и полициски операции против нив.

Тврдејќи дека на Косово се случува етничко чистење и хуманитарна катастрофа, државите членки на НАТО, во прв ред САД, бараа Советот за Безбедност на ОН да донесе одлука за воена интервенција против Југославија. Поради противењето на Кина и Русија таква резолуција не е донесена, по што државите членки на НАТО пристапија кон самостојна воена интервенција.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци