Германски војници извикувале слогани на Хитлер и ги нарекле бегалците напаст
Објавено во: Свет 13 Април, 2018
Германската војска води повеќе од 400 истраги за случаи на крајно десничарски инциденти меѓу своите припадници.
Бројот на случаи се зголемил за два пати. Внатрешната контрола на армијата моментално разгледува 431 случај, споредено со 275 лани.
Според комесарот на германскиот парламент за вооружени сили, Ханс-Петер Бартел, имало само 162 вакви случаи. Меѓу неговите случаи најголем дел се војници кои извикувале слогани на Хитлер или слушале крајно десничарска музика. Меѓутоа има и случај на војник кој за време на часовите по политичка едукација бегалците ги опишал како напаст која треба да се истреби.
Бундесверот моментално има 180.000 активни војници, вклучувајќи 61.000 во армија, 28.000 во авијација и околу 16.000 морнарица. Во нивните редови има и 39.000 цивили.