18 Мај, 2024
0.0274

Германскиот бизнис се подготвува за трговска војна со САД

Објавено во: Свет 02 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Бизнис круговите во Германија се сериозно загрижени од протекционистичкиот курс на новиот американски претседател Доналд Трамп и очекуваат реални проблеми за компаниите. „Им препорачувам на своите колеги претприемачи: бидете будни“, предупреди претседателот на Федерацијата на германската индустрија (BDI) Дитер Кемпф, пренесуваат германски медиуми.

„Ни се заканува трговско-економска војна со САД“, предупреди порано и Марсел Фрацшер, шеф на Германскиот институт за економски истражувања (DIW) во Берлин. А најавторитетното бизнис издание во Германија - Handelsblatt, се посвети на проблемот со посебно прилог, наречен „Америка: свет кој станува странски“.

Навистина, до овој момент новата администрација во Вашингтон не презела никакви конкретни дејства против германските и генерално европските компании. Сепак Доналд Трамп веќе тргна отворено кон драстично заострување на односите со големите трговски партнери на САД како Мексико и кон излез од договорот за ТТП. Значи протекционистичкиот и антиглобалистичен курс на новиот државен шеф на САД не буди сомнежи. Кон ова треба да се додаде дека Трамп веќе недвосмислено упатува закани кон Кина и Германија.

Бизнис круговите во Германија јавија за силна тревога по 16 јануари, кога во весникот Bild и британскиот The Times беше објавено интервју на Трамп, во кое тој критикува отворено еден од клучните сектори на германското стопанство - автомобилската индустрија. Републиканецот го крена на нозе BMW, заканувајќи се дека ќе наметне данок за увоз на нејзината продукција во износ од 35%, ако компанијата изгради фабрика во Мексико за производство на автомобили, наменети за американскиот пазар. 

Тогаш сеуште иден претседател на САД, Трамп се пожали дека на Петтата авенија во Њујорк пред секој дом има паркирано Mercedes, додека во Германија Chevrolet се гледа многу ретко.

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков