19 Мај, 2024
0.0294

Героски после 17 октомври ќе каже кој го следи

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Новинарот и уредник на порталот Плусинфо, Бранко Героски, во својата последна колумна објави дека против него се употребуваат мерки на следење. Фактор го праша Героски кој го следи и од каде ги добил информациите дека притив него се на сила такви мерки, но тој вели дека тоа не може да го каже во моментов. 

„Тоа ќе го објавам после 17 октомври, како што најавив и во колумната. Сега тоа немам намера да го кам, бидејќи настаните се многу политички згуснати во моментов. Денес или утре официјално ќе го пријавам случајот кај надлежните служби во Министерството за внатрешни работи. Но сега не би сакал јавно да кажам кои се тие луѓе и од каде ми се информациите, бидејќи со тоа би можел да ја загрозам истрагата што евентуално би ја покренале надлежните институции. Исто така, сакам да им оставам на институциите извесен период да ги истражат наводите со кои јас расплагам“, вели Героски во изјава за Фактор.

Тој додава дека 17 октомври е избран затоа што дотогаш се очекува земјава да го добие датумот за преговори со Европската унија, но после тоа ќе ја информира јаавноста кои се неговите конкретни сознанија за овој случај.

„Тоа повторно ќе го сторам преку колумна“, вели Героски.

А во својата последна колумна Героски напиша дека според неговите очекувања, тој е на листата за отстрел на „непријателите“ на новата власт. 

„Ја известувам јавноста дека во овој момент против мене се употребуваат и мерки на следење, за што веќе известив надлежни функционери, претставници на две новинарски здруженија и претставници на три амбасади на влијателни земји членки на НАТО. Токму денеска дојдов и до првиот материјален доказ за таа шпионска активност, за што ќе известам кого треба уште во текот на утрешниот ден. За ова, засега толку. Повеќе откако ќе го добиеме толку очекуваниот датум за почеток на преговорите со ЕУ“, напиша новинарот Героски во својата колумна.

( Н.Н.Ф.)


Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид