Гевгелија и Разлог во акција за поттикнување на алтернативниот туризам
Објавено во: Економија 27 Мај, 2013
Со изградба на еко патеки и места за одмор и рекреација, во рамки на проект финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, општините Гевгелија и Разлог ќе дадат придонес во развојот на алтернативниот туризам и создавање нови туристички атракции преку иновативна и интерактивна презентација на локалното природно наследство.
Договорот за реализација на проектот денеска го потпишаа претставници на Министерството за регионален развој на Бугарија и претставници на општините Гевгелија и Разлог, како водечки партнер.
За целосна имплементација на проектот општина Гевгелија ќе добие 173.838 евра со кои треба да изгради еко патека на познатиот археолошки локалитет Вардарски рид и да го означи местото со поставување туристички информативни табли.