19 Мај, 2024
0.0392

Главните адути на Carrefour: Квалитетни производи по достапни цени и постојана грижа за своите клиенти!

Објавено во: Економија 15 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Паскал Белковски, Оперативен директор на Carrefour Marinopolous Balkans Скопје, во интервју за Фактор зборува за работењето на компанијата во Македонија, идните развојни планови, за конкуренцијата и воопшто за пазарот. „Определба на Маринопулос е да се поддржат локалните економии во сите земји во кои компанијата работи. Деловните партнерства со локалните производители создаваат придобивки за сите. Преку нив, ние добиваме богато портфолио на квалитетни домашни производи кои им се познати на потрошувачите. Купувањето на тие производи ги помага одржливоста и понатамошниот деловен развој на локалните производители и нивните региони, а од долгорочен аспект, придонесува кон поддржувањето на економијата на земјата. Наша цел е уште повеќе да ја прошириме соработката со локалните добавувачи, од аспект на разновидноста на производите и на нови партнерства.“ вели Белковски. Carrefour влезе на нашиот пазар во 2012 г., може ли да ни кажете какво е вашето искуство по 3 години? Carrefour Скопје е дел од Маринополус С.А. (Marinopoulos S.A.), кој има ексклузивни права за Carrefour франшизата за Југоисточна Европа. Во текот на нашето тригодишно присуство во земјата, успеавме да ја промениме сцена на домашниот пазар со поставување повисоки стандарди и воведување ново искуство во купувањето. Но, за да го постигнеме тоа, првенствено утврдивме дека во земјата има голем потенцијал за развој. Видовме и дека локалните потрошувачи се селективни во однос на квалитетот и цената и разновидноста на понудите. Па така, го воведовме концептот за хипермаркет со огромна разновидност на брендирани производи и производи со сопствена трговска марка пласирани на простор со површина од 4.500 квадратни метри во современ трговски центар во Скопје. Понудивме квалитетни производи со сопствена трговска марка и богато портфолио локални производи. Исто така, следејќи ја нашата одговорна трговска политика во врска со сите видови производи во текот на целата година, создадовме  цврсти односи на доверба со нашите клиенти. Три години по почетокот на нашето работење, овој однос е уште посилен. Има огромна конкуренција од домашни и странски ланци на супермаркети. Како се справувате со конкуренцијата? Има приближно 172 продавници во сопственост на 6 најголеми мрежи на маркети. Околу 90 од нив се лоцирани во Скопје, град со најголем број на жители во земјата, број кој континуирано се зголемува. Тоа што супермаркетот се наоѓа во близина на потрошувачот не го дефинира неговиот избор. Веруваме дека квалитетот и трговската политика – цени, акции и понуди – имаат најголемо влијание на одлуките на потрошувачите. Следењето на однесувањето и потребите на потрошувачите е клучен фактор за подигнување на нивото на лојалност на клиентите и за зголемување на посетите во маркетите. И тоа е нашиот прв оперативен столб. Вториот е очигледен. Се фокусираме на конкурентна диференцијација во сите сегменти од нашето работење. Воведувањето нови производи со висок квалитет и ниски цени, постојаната надградба на нашите услуги, користењето на најефикасните маркетинг-канали и одржување постојан контакт со нашите потрошувачи ни обезбедува предност во однос на конкурентите. Може ли да ни кажете нешто повеќе за Маринопулос и за работењето на Групацијата во регионот? Формирана во Атина во 1962 г., Маринопулос С.А. сега има меѓународна мрежа од 962 продажни места во Грција (900), Кипар (18), Албанија (20), Бугарија (22) и во Скопје и Тетово. Од 2012 г. компанијата е ексклузивниот франшизер на брендот Carrefour во Југоисточна Европа. Приоритетот на Маринопулос С.А. е да обезбеди вредност за потрошувачите, најмногу преку исполнување на нивните потреби. Одржливоста и корпоративната одговорност се главните карактеристики на меѓународната мрежа. Покрај тоа, поддршката на локалните економии и заедници се оперативни столбови во секој регион, во сите земји. Carrefour неодамна отвори втор маркет во Тетово; зошто го избравте Тетово? Тетово е град во развој, со популација во пораст и шопинг-центар во подем. Тоа е еден од петте најголеми градови во земјата. Ако се вброи и соседниот град Гостивар, можете да го насетите потенцијалот на областа. Исто така, беа земени предвид и соодветната инфраструктура и високото ниво на циркулација на граѓаните во текот на годината. Маркетот во Тетово беше отворен во август 2014 г., пред помалку од една година, но реакцијата на потрошувачите е импресивна. Колку вработени има во Carrefour и колку луѓе се директно вклучени во вашето работење? Ние сме горд и одговорен работодавач на 147 вработени во нашите продавници во Скопје и во Тетово. Нашата цел е да им обезбедиме работна средина која е безбедна и фер, преку нудење еднакви можности за развој. Сите вработени се ангажирани во однос на етиката на компанијата, деловните начела, културата и вредностите. Тие се поттикнуваат на меѓусебно почитување и соработка кон заедничка цел: секогаш да се нудат висококвалитетни услуги и да се исполнуваат потребите на потрошувачите. Покрај тоа, компанијата соработува со локалните производители и добавувачи, ги промовира нивните производи и ги поддржува локалните заедници. До денес имаме остварено соработка со голем број локални производители и воспоставено долготрајни односи од доверба. И секогаш сме во потрага по нови партнерства за да се обезбедиме уште поголем број квалитетни локални производи за нашите потрошувачи. Каква е Вашата соработка со локалните производители и какво е значењето на оваа соработка за локалната економија? Како што кажав, имаме соработка со разни локални производители. Определба на Маринопулос е да се поддржат локалните економии во сите земји во кои компанијата работи. Деловните партнерства со локалните производители создаваат придобивки за сите. Преку нив, ние добиваме богато портфолио на квалитетни домашни производи кои им се познати на потрошувачите. Купувањето на тие производи ги помага одржливоста и понатамошниот деловен развој на локалните производители и нивните региони, а од долгорочен аспект, придонесува кон поддржувањето на економијата на земјата. Наша цел е уште повеќе да ја прошириме соработката со локалните добавувачи, од аспект на разновидноста на производите и на нови партнерства. На крајот, морам да истакнам дека како дел од Маринопулос С.А. на производителите им е овозможено да ја одржуваат отворена вратата кон балканскиот регион. Зависно од потребите на пазарот и барањата на потрошувачите, добавувачите имаат можност за извоз на своите производи.  

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?