ГИ „ТРЕСЕ“ ЕКОНОМСКА КРИЗА: Минималната плата мораа да ја зголемат за 150 отсто
Објавено во: Економија 02 Декември, 2018
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, изјави дека ќе ја зголеми минималната плата за 150 отсто за да се избори со натамошниот раст на инфлација.
За инфлацијата вели дека е резултат на немилосрдната економска војна против неговата земја.
Зголемувањето на минималната плата Мадуро го најави деновиве, нарекувајќи го тоа корекција на својот план за економско закрепнување на земјата, кое е почнато уште пред 100 години.
Меѓународниот монетарен фонд проценува дека до крајот на годината инфлацијата во Венецуела ќе достигне еден милион отсто.
Како што наведува „Блумберг“, кризата во Венецуела би можела да се спореди со онаа во Германија во 1923 година, или во Зимбабве на крајот од 2008 година. Се очекува венецуелската економија во 2018-та да забележи пад од 18 проценти, пред сè поради големиот пад во производствато на нафта.