15 Декември, 2025
0.0367

ГИ ЗАГУБИ ИЗБОРИТЕ, ГО НАПУШТА СДСМ И СЕ ВРАЌА ВО МВР: Томе Христоски вели дека се повлекува со подигната глава

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2025 06:00

Добивај вести на Viber

Ве информирам дека согласно законските одредби, ја започнувам постапката за враќање на моето работно место во Министерството за внатрешни работи. Како вработен во МВР, законот јасно налага дека не смеам да бидам дел од органи и тела на политичка партија и затоа донесов одлука да се повлечам од политичките функции, објави синоќа, екс градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.
Оваа одлука ја носам со почит кон институциите и со целосна одговорност кон законите. Јас немам намера да работам спротивно на прописите или да бидам дел од какви било политички калкулации. Политиката за мене никогаш не била средство за лична корист, туку начин да се помогне, да се слушне народот и да се решаваат проблеми.

Благодарен сум за поддршката, довербата и сите соработки. Работев чесно и транспарентно, со чисти намери и со почит кон секој граѓанин.

Се повлекувам со подигната глава, знаејќи што сум направил и оставил зад себе, дела и проекти за една мала, но значајна општина како што е Крушево, дека ништо не сум сторил спротивно на закон или морал, туку исклучиво во интерес на своите сограѓани и својата општина!

Сега се враќам на професионалната должност во МВР, каде што ќе продолжам да работам одговорно, со истата посветеност и истата намера — да служам чесно, правично и во служба на сите граѓани!“, напиша тој на социјалните мрежи.


Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро