ЃУРИЌ ОСЛОБОДЕН: Полицијата го придружувала до граничниот пункт
Објавено во: Балкан 26 Март, 2018
Претседателот на Косово Хашим Тачи информираше дека ослободен е Марко Ѓуриќ, кој е главен преговарач на Србија во разговорите со Косово, кои се реализираат со посредство на ЕУ.
Полицијата го придружувала Ѓуриќ до граничен пункт меѓу Косово и Србија.
Властите во Приштина им забранија денеска влез на територијата на Косово на српските министри Александар Вулин и Владан Вукосављевиќ, а претходно им беше забранет влез и на шефот на владината канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ и главниот секретар на српскиот претседател Никола Сељаковиќ, јавува РТС.Со лисици на рацете и опкружен со околу 100 маскирани припадници на полицијата денеска на Косово, Ѓуриќ „како обичен криминалец бил приведен во полициска станица во приштина“, јавуваат српските медиуми.
За српскиот претседател, Александар Вучиќ ова е брутален чин од Приштина, а Ѓуриќ се чувствува лошо и веројатно ќе биде примен во болница во Белград. Вучиќ вели дека ова очигледно е направено со поддршка на некои земји.