Главниот координативен кризен штаб на потег: Кога ќе се разгледуваат новите препораки за маските ?
Објавено во: Македонија 08 Април, 2022
Деновиве треба да бидат разгледани последните препораки на Комисијата за заразни болести во поглед на носењето маски како ковид мерка за заштита од вирусот кој однесе во смрт бројни жртви .
Главниот координативен кризен штаб е на потег, а конечната одлука ќе ја има владата на седница.
Како што е познато исклучок од препораката која се однесува на укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор се здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз, што значи дека на овие места граѓаните и понатаму ќе мора да ги носат маските.