ГЛОБА ЗА ГАЗДИТЕ АКО ДЕНЕС НЕ ВИ ИСПЛАТАТ: Колку пари треба да земете за К-15?
Објавено во: Економија 31 Декември, 2018
Денеска е последниот ден газдите од приватниот сектор на вработените да им исплатат к-15.
Според законот на вработените им следува годишен регрес за годишен одмор или К-15, во износ од минимални 9.610 денари.
Вработените во јавните институции се уште немаат право на К-15 .
Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.
При состојба кога не е донесена одлука за висината работодавецот има обврска да ги исплати максималните износи предвидени со Колективниот договор на ниво на работодавец.