19 Мај, 2024
0.1411

Глобален берзански преглед – април 2018

Објавено во: Економија 11 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Позитивни сигнали од глобалните пазари на капитал. Најголем раст е забележан кај акциите на европските компании кои пораснаа за над 4%, додека пазарите во развој го завршија месецот со благо покачување од 1,3%. 

Американски акции придобија повеќе од 2% за месец дена, сметано по MSCI индексот, изразен во евро валута. Најголемиот куповен притисок беше насочен кон компаниите од енергетскиот сектор. Своја улога во растот на индексите има и поскапувањето на суровата нафта. Залихите од „црното злато“ во САД се намалуваат, додека пазарите се во очекување на нови санкциикон Иран, еден од најголемите извозници на глобално ниво. Притисокот пак на продажната страна е најочевиден кај компаниите од секторот на стоки за широка потрошувачка, како и во индустрискиот сектор.

Приносот до достасување на американската 10-годишна обврзница се покачи на ниво над 3%, што претставува најголема забележана вредност во последните 4 години.

Според последните објавени податоци, економскиот раст е 2,9% на годишно ниво. Пораст има и кај инфлацијата, чиј износ од 2,4% е највисок во последниве година дена. Сето ова ѝ дава поткрепа на американската централна банка да продолжи со постепената нормализација на монетарната политика.

Акциите пак на европските берзи пораснаа за 4%, сметано по MSCI индексот. И покрај солидниот раст, индексот е сеуште под максималната вредност која беше достигната во јануари. Последните економски показатели укажуваат дека растот на економските економии се успорува. Растот на БДП-то во еврозоната за првиот квартал од 2018 е 2,5% на годишно ниво, што е намалување во однос на 2,8% од последниот квартал во минатата година. Податоците од пазарот на труд покажуваат најниска стапка на невработеност во последните 9 години. Агрегатниот PMI индекс (The Purchasing Managers' Index), кој го мери нивото на оптимизам кај реалниот сектор, останува непроменет на месечно ниво. Довербата на потрошувачите е сеуште на високо ниво, но стапката на инфлација останува ниска. На годишно ниво таа изнесува 1,3%, што е помалку од целните нивоа, поставени од европската централна банка. Овој пат ЕЦБ не изврши корекција кај референтните каматни стапки, ниту пак претстави конкретни насоки за понатамошната монетарна политика, откако во септември ќе заврши програмата за откуп на обврзници. Дополнителни појаснувања околу нормализирањето на монетарната политика се очекуваат на јунското заседание на ЕЦБ. 

Пазарите во развој пораснаа за над 1% во месец април. Помеѓу БРИК државите, најуспешно претставување имаа индиските компании, додека пак кинеските придобија речиси 2%. Причина за пониските остварени приноси во однос на развиените пазари е падот на руските индекси, каде MSCI индексот, изразен во евра, се намали за речиси 6%. На негативниот резултат влијание имаат и воведените санкции кон РУСАЛ, вториот најголем производител на алуминиум во светот. 


НАПОМЕНА: Глобалниот берзански преглед е изработен во соработка со Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје. Изнесените податоци се од информативен карактер и не содржат инвестициска препорака за вложување во некој од фондовите под управување.

Вложувањата во акциски фондови подлежат на одреден пазарен ризик. Вредноста на уделите може да расте или опаѓа во зависност од тековните состојби на пазарите на капитал. 

Пред донесувањето на одлука за вложување, секој потенцијален инвеститор е должен внимателно да ги прочита одредбите од Проспектот и Статутот на фондот во кој има намера да вложи средства, со цел да дознае за каков вид на вложување станува збор, како и за ризиците поврзани со вложувањето во тој фонд. 

Друштвото за управување се извинува за евентуалните грешки при подготовката на месечниот глобален берзански преглед. 

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници