14 Јули, 2020
0.0272

Глобални тенденции и перспективи во производството на жита

Објавено во: Колумни 22 Јуни, 2020

Житата претставуваат основна храна и имаат стратешко значење за решавање на прехрамбениот проблем во локални и глобални рамки. Се мисли на сите видови жита. Како производ тие ги задоволуваат животните потреби на населението, а претставуваат и основна добиточна храна за животните, поради што оправдано се очекува постојан пораст на светската потрошувачка.

Тенденциите и перспективите за развој на оваа група производи се оценуваат според две претпоставки и појави на светско и национално ниво како што се:

-  нестабилност на финансиските пазари чија криза осетно ги повредува реалните сектори.

-  поскапување на енергетските извори аналогно се рефлектира на цените на  на другите производи.

Забрзаното темпо на поскапување на прехрамбените производи е  условено од поскапувањето на енергијата. Негативното влијание на климатските услови врз  производството на прехрамбените производи води до сериозно намалување на понудата наспроти зголемената побарувачка. Ширењето на површините во светот со енергетски култури, има сериозно влијание врз производството на прехрамбените производи и зголемување на дефицитот помеѓу побарувачката и понудата. За Македонија е особено важно рационално користење на обработливите површини како важен барометар за состојбата на економијата поради важни причини: со ограничени стратешки ресурси, како што се енергијата и обработливите површини. 

Побарувачка.Во светски рамки, недостигот на жита е во основата на прехрамбениот проблем. Според просечните статистички показатели за еден продолжен период среднорочниот пораст на производството на зрно е неколку пати понизик од порастот на населението. Просечната потрошувачка на жита на ден изнесува  457,75 гр. со варирање помеѓу сиромашните и богатите држави од 281 – 784 гр. Големите разлики се должат на директната консумација на производи од жита и на консумација на производи од животинско потекло.

Последните години и десетлетија, во развиените и средно развиените земји, особено во Европа се јавува негативен раст и застарување на населението. Оваа тенденција е изразена и во Македонија. Тоа води и до промени на типот на консумација и зголемување на делот на функционална храна, особено овошје и зеленчук, што условува лесно намалување на директната потрошувачка на зрнестите производи. Во перспектива може да се очекува овие тенденции да опаднат, но сепак да доведат до релативно намалување на зрнестата храна при консумацијата на ниво од 135 – 140 кг /жител годишно.

Тенденции. Врз тенденциите во производството има влијание комплекс од променливи во времето фактори, кои влијаат врз елементите кои го форсираат производство. Основниот елемент кој го определува нивото на земјоделското производство се обработливата површина и нивото на просечните приноси.

Нивната големина е резултат на многу фактори: државна политика во однос на нивото на земјоделството, примена на технологии во производство и можности за организација, конкурентскиот притисок на производи на внатрешниот и надворешниот пазар, макроекономската рамка во земјата и можности за кредитирање или субвенционирање на  производството.

Тенденциите во производството на зрно ( жита ) се со опаѓање на површините и вкупната продукција на долг и среднорочен перид, но и приносите не растат соодветно.

Кај пченицата, како најзастапена житна култура, во Европа кај најголемите производители Франција, Унгарија, Украина, приносите се исто така во последните 15 години неповолни. Како површините така и вкупната продукција многу се нестабилни по години, а вкупната продукција зависи токму од тие два фактора. Како резултат на таа колебливост, производството се движи помеѓу 3 и 3,5 милиони тони.

Производството на пченка најмногу зависи од движењето на бројот на животните. Во светски рамки тенденциите се во насока на пораст на побарувачката каде влијание на пченка има високо учество, особено во неразвиените земји. Кај пченката важен фактор за натамошен пораст е располагањето и користењето на вода за наводнување.

Јачменот е важна фуражна култура, а светските тенденции се слични на тие кај пченката, и овде има влијание индустрискиот развој, а особено развојот на индустријата на производство на пиво. Очекувањата се дека идните движења кај јачменот ќе бидат со однос со обемот на производство.

Житните култури рж, овес, тритикале  и други кои се користат и како лебни жита, немаат такво значење како предходните, но може да се смета на нивно зголемување во наредните години поради се поголемата побарувачка на пазарот и учество во производството на специјални видови на леб и слични производи.

Светското производство на ориз е важно во голем број земји, каде сеуште е основна храна, но порастот на стандардот во тие земји ( Кина, Индија, Индонезија и др. ) придонесува се поголема застапеност на други производи во исхраната; овошје, зеленчук, месо, јајца, млеко, што доведува до намалување на застапеноста на оризот во исхраната. Меѓутоа поради релативното зголемување на населението во  овие земји, побарувањето и производството на ориз во иднина ќе расте.

Вкупната продукција на жита во Македонија во просек последните десет години изнесува 555,85 илјади  тони, тоа во споредба со 1991 година е помалку за 145,55 илјади тони. Обемот на вкупните жита во Македонија е доста нестабилен по години па се движи  од 456,9  илјади тони годишно  до 637,6 илјади тони годишно.

Продукцијата на житата во Македонија може да се зголеми ако се активираат за жита погодниот дел на необработените ораници околу 140 илјада ха годишно, како и да се воведуваат нови технологии и сорти за повисок принос.                                                                                                                                                                             

Проф.Д-р Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Лето, лето е па што...

Лето, лето е па што...

Руската карта одново во американската игра

Руската карта одново во американската игра

НЕДЕЛЕН ФАКТОР: Рециклирана 2016-та, Груевизмот уште цвета?

НЕДЕЛЕН ФАКТОР: Рециклирана 2016-та, Груевизмот уште цвета?

За да триумфираат на едни избори, Македонците прво ќе треба да се победат самите себе!

За да триумфираат на едни избори, Македонците прво ќе треба да се победат самите себе!

Битиќи vs Лазаров: Имаат ли моќ да ги остварат своите ветувања и што мислат за политичкиот ривал

Битиќи vs Лазаров: Имаат ли моќ да ги остварат своите ветувања и што мислат за политичкиот ривал

И по Путин – Путин!

И по Путин – Путин!

ЖФК

ЖФК