27 Април, 2024
0.0265

Го бркаа 800 полицајци 17 дена: Денеска конечна пресуда за Малчанскиот берберин

Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Нинослав Јовановиќ, кој беше уапсен на 5 јануари 2020 година, по 17-дневна акција во која учествуваа околу 800 полицајци, припадници на безбедносните сили и волонтери, денеска во правосилната пресуда може да добие доживотна казна затвор.

Познат уште како и Малчанскиот берберин, киднапираше девојче кое во тоа време имаше 12 години на 20 декември 2019 година во Брзи Брод во 7.25 часот, пресретнувајќи ја на пат кон училиште.

Во потрагата по него се користеа хеликоптери, дронови и кучиња-трагачи, а слични потери и затворски казни имало за него и претходно за силување, обиди за силување и вознемирување на жени и малолетнички, за кои во судница тврдел дека сексуално се возбудувал кога ги потстрижувал.

Монструмот од Србија го измамил детето да влезе во неговиот автомобил „Фиат Пунто“, кој го украл претходната вечер во Малча. Тој и рекол на девојчето дека е новиот електричар кој работи во нејзиното училиште и ја замолил да му го покаже патот. Девојчето влегло во автомобилот и така започна повеќедневната драма што Србија дотогаш ја немаше видено.

Кога видела дека не одат во правец на училиштето, девојчето се прашувало каде отишле, а Јовановиќ со лаги се обидел да ја контролира ситуацијата - тој рекол дека нејзиниот татко украл дијамант од жена од Нишка Бања и дека е киднапирана. наводно ќе биде пуштена кога дијамантот ќе биде вратен. За да го заплаши детето, тој исто така и рекол дека ќе ги убие нејзините родители ако таа не го слуша. Во тој момент јавноста сè уште не знаеше кој стои зад киднапирањето на девојчето ...

Истрагата против Јовановиќ беше спроведена заради кривични дела киднапирање и силување на дете. Овие кривични дела се казнуваат со затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Јовановиќ беше уапсен на 5 јануари, на гробиштата во неговото родно село, по претресот што траеше 17 дена.

Дванаесетгодишната М.К. од Суводол, Малчанскиот берберин ја киднапираше на пат кон училиштето, а потоа ја скрил девојката најпрво кај Малча, а потоа и во напуштени куќи во селата околу Свргаљ и Књажевац. 


Можеби ќе ве интересира

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган