27 Април, 2024
0.0361

Го оствари својот сон со работа на себе: Успешната приказна на Јованка Ивановска

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Во нова кампања промовираме претприемачи кои ја разбираат потребата од дигитална едукација при градење на својот бренд и раст на компанијата. Независно во која сфера работат овие луѓе одвојуваат време на своја едукација за да можат самостојно да придонесат за дигитална промоција на брендот.

Јованка Ивановска од неодамна го отвори својот прв салон за убавина „Ivanovska Beauty“. Исто така таа е и студент на Академијата за дигитален маркетинг, на која се запиша за да стекне знаење за подобро да го промовира својот бренд и да привлече нови клиенти на социјалните медиуми.

Ивановска Вие неодамна го отворивте вашиот прв салон за убавина “Ivanovska Beauty”, а од поодамна сакате да имате Ваше студио.  Кој е предизвикот да бидете сопственик на свој салон, од тоа да работите кај некој друг?

Јованка Ивановска: Предизвикот да сè биде сопственик, јас го гледам како напредување во својата кариера, бидејќи кога работев на други места немав можност да се истакнам која сум и што сум сè додека не го отворив студиото.

Уште пред да го отворите вашиот салон, Вие се запишавте на Академијата за Дигитален Маркетинг во Creative Hub. Дали тоа значи дека бевте свесни за значењето и на потребата за дигитална промоција на Вашиот бренд уште пред да отворите Ваше студио?

Јованка Ивановска: Имав некои предзнаења за маркетингот, но кога ја почнав Академијата почнав многу да се надоградувам и да го градам својот бренд дигитално, да се промовирам себеси како личност, а и како нов бренд на пазарот. Мислам дека не згрешив што ја одбрав Академијата за Дигитален Маркетинг во Creative Hub, и ја препорачувам на сите сопственици на бизниси, нови или веќе постоечки.

Со оглед на тоа дека работата во козметички салон е многу обемна, колку време имате да посветите на маркетингот?

Јованка Ивановска: Сè трудам секој ден после работното време, да одвојам барем еден час за промовирање на мојот нов бренд, правење реклами на социјални мрежи, собирање импресии од тие реклами и слично.

Кој е најчестиот канал (социјална мрежа) која што ја користите за привлекување нови клиенти и каде што луѓето најчесто ве контактираат?

Јованка Ивановска: Единствениот канал на кој што одлучив да привлекувам клиенти и каде што ме контактираат потенцијалните или веќе постоечките клиенти е Инстаграмот. Тоа е една од причините заради кои одлучив да се запишам на Академијата.


Можеби ќе ве интересира

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба