18 Јануари, 2025
0.0316

Годишно се создава над 150.000 тони отпадна амбалажа, а само третина се рециклира

Објавено во: Мои пари 03 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Годишно во нашата земја се создаваат над 150.000 тони отпадна амбалажа, од кои само третина завршуваат на рециклирање. Македонските граѓани фрлаат од 50 до 70 килограми пластика, хартија, лименки, стакло или друга отпадна амбалажа, што е пониско од европскиот просек од над 100 килограми отпад.

Според обврските кои ги предвидува законот, домашните компании до 2020 година на рециклирање ќе треба да испратат 60 проценти од отпадната амбалажа. Огромен дел од фирмите кои со донесувањето на Законот за пакување и отпад од пакување мораат да се грижат каде ќе заврши нивната амбалажа, ако ја избегнуваат обврската да ја платат оваа еколошка такса. Не ги плашат ниту инспекциските контроли, ниту пак казните кои можат да го добијат. Досега Државниот инспекторат за животна средина изрекол триесетина казни на компании кои не обезбедиле соодветен третман на својот отпад од амбалажа. Казните се парични и се движат од 1.500 до 2.000 евра. „Инспекторите за животна средина имаат обврска годинава да прават почести контроли кај производните компании кои мораат да се грижат за отпадот од амбалажа. Има огромен број фирми кои не го почитуваат законот од различни причини, од ниска еколошка свет, финансиски проблеми, до неинформираност. Инспекторите имаат помош и од пазарната инспекција, а досега се изречени повеќе опомени и триесетина казни“, вели Фируз Мемет, директор на Државниот инспекторат, пишува „Утрински весник“ Досега, само третина од сите компании кои произведуваат и продаваат стока во амбалажа се услогласиле со законските обврски. Кај четирите колективни постапувачи, според податоците од Министерството за животна средина се регистрирале од 2.500 до 3.000 компании.

Дел од екотаксата за отпадна амбалажа ја плаќаат директно на државата, но остануваат илјадници фирми кои повеќе од две години успешно ја избегнуваат оваа обврска. Во првиот регистриран колективен постапувач „Пакомак“, минатата година биле регистрирани 600 фирми, кои заедно годишно произведуваат околу 40.000 тони отпад од амбалажа. „Годинава е клучна за продолжување на имплементацијата на законот, бидејќи постои ризик фирмите кои ги почитуваат правилата и имаат екстра- трошоци да го преиспитаат својот став кон законот. Тие трошоци им ја намалуваат конкурентноста на пазарот, во однос на компаниите кои не го почитуваат законот и кои никаде не плаќаат за третман на нивната отпадна амбалажа“, вели Филип Ивановски, директор на „Пакомак“ за „Утрински весник“

Можеби ќе ве интересира

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение