Голем број млади живеат на трошок на мама и тато
Објавено во: Мои пари 07 Август, 2013
Ако момче или девојка немаат финансиска поддршка од родителите не можат да го завршат факултетот, но ни да купат стан. – Повеќето млади живеат кај мама и тато.
Во Америка старите родители се плашат дека нивните трошоци за живот ќе паднат на товар на децата, но тоа не е случај кај нас: во Србија над половина млади живеат на родителскиот буџет и без надеж дека во брза иднина ќе се осамостојат. Над половина момчиња и девојки од 19 до 35 години спаѓаат во категоријата издржувани лица, кои родителите ги помагаат финансиски, а само една четвртина од нив се одлучиле на брак, а четири отсто млади самостојно дошле до стан. Половината млади до 25 години и речиси 10 отсто од тие меѓу 26 и 35 години, немаат ниту еден атрибут на возрасни луѓе и сеуште живеат кај родителите, не работат, не се во брак и не се финансиски независни. Ова се податоци од студијата Младите-наша сегашност, при Институтот за социолошки истражувања на Филозофскиот факултет во Белград, кои се објавени на пример на 1.627 испитаници од 19 до 35 години, во 62 општини на територијата на Србија. За ова истражување Политика пишуваше неодамна, исто како и еден дневен белградски весник кој меѓутоа пренесе поинакви податоци од истата студија.
Овие резултати не претставуваат никакво изненадување со оглед на тоа дека податоците на Националната служба за вработување сведочат дека на бирото се наоѓаат дури 210.545 млади, (28.042 со факултетски дипломи), а тоа во статистички превод значи дека секое второ младо лице во Србија е невработено.
Нашата земја, наведе Станојевиќ, припаѓа на т.н. медитерански круг на земји во кои не се поттикнува самостојност кај децата и во кои младите доцна го напуштаат родителскиот дом и остануваат финансиски зависни од родителите, со кои имаат силни емоционални врски. Нивната транзиција во позрела возраст го одложува образованието, а подолгото образование подоцна е поврзано со касно основање на семејство. Продолженото заедничко домување со родителите е заедничко за сите млади од подрачјето на поранешна Југославија, околу две третини млади на возраст од 18 до 34 години, во нашата земја живеат со родителите, сами или во брак, со или без деца. Интересно е дека младите во нашата земја десет години подоцна основаат транзиција во повозрасни години, во однос на врсниците во Данска.
- Кога младите ги прашавме зошто живеат со своите родители, дојдовме до заклучок дека половината од нив не сакаат да се отселат од родителското гнездо, бидејќи им одговара таков живот, додека половина сметаат дека самостоен живот е подобра опција, но дека моментално не постојат сите потребни услови. Висината на приходите и работниот статус не се во врска со желбата на младите да одат, т.е. да останат во родителскиот дом – констатира Драган Станојевиќ, еден од авторите на истражувањето.
Меѓутоа, нашиот соговорник додава дека во Србија не постојат државни механизми за поддршка за осамостојување на младите, а добар дел од тие механизми е префрлен на семејството. Тоа значи дека ако младо лице нема финансиска поддршка од родителите, не може да заврши факултет, а ако родителите не помогнат во купување на стан, тие остануваат да живеат кај нив.
извор: Миа