Добивај вести на Viber
Една третина од вработените во Македонија, дел од платата ја земаат во кеш, покажува анкетата на Центарот за истражување и креирање на политики.
Според истражувањето, поголемиот дел од платата на вработените им бил исплатен преку трансакциска сметка, а остатокот од 30 до 100 евра им се исплаќал во готово.
Околу 7 отсто од испитаниците изјавиле дека работат без договор и не им се исплаќале придонеси, а 21 отсто од анкетираните рекле дека, повеќе им одговара да работат непријавени и да земаат повисока плата, отколку пријавени, но со пониски примања.
На анкетата 27,3 отсто од испитаниците одговориле дека, лани социјални придонеси им се исплаќале на износот на минимална плата, иако нивната реална плата била повисока.
Истражувањето покажува и дека скриената економија, даночната евазија и непријавениот труд во Македонија, најчесто се сретнуваат во градежништвото, угостителството и во занаетчиските услуги што се вршат по домовите.
За намалување на сивата економија и избегнувањето на плаќање даноци, експертите велат дека се потребни почести инспекциски контроли и поголема координација меѓу институциите.