Добивај вести на Viber
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на ЕВН, без струја утре ќе останат повеќе делови од Скопје и околината, јави Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Без електрична енергија, утре од 8.30 до 10 часот ќе биде дел од булеварот Борис Трајковски и улицата Ѓорѓи Капчев во Лисиче. Од 8 до 15 часот струја ќе нема објектот број 2 на улицата Симеон Кавракиров, а од 8.30 часот до 15 часот и дел од улицата Рузвелтова, дел од улицата Ѓорѓи Капчев, како и на улиците Партение Зографски, Ѓорѓи Скрижевскии, Рилски Конгрес и Тасино Чешмиче.
Во периодот од 9 до 14 часот струја ќе немаат на улиците Никола Карев и Климент Охридски, а од 9 до 15 часот на дел од улицата 20 во Ѓорче Петров, Ѓорѓи Казепов во Карпош и горниот дел од село Копаница.
Прекини на струјата од 9 до 15.30 часот ќе има и за жителите од Момин Поток, а од 10.30 до 12 часот во Агино Село и во дел од Бардовци, поточно на улицата 40.