24 Ноември, 2024
0.0299

ГОЛЕМ МАСТЕР ПЛАН ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ЛЕТОВИ И ПОДОБРУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА АЕРОДРОМИТЕ - ТАВ ќе достави предлог, Владата е на потег

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

ТАВ Македонија во моментов работи на мастер план за развој на авиосообраќајот во Македонија за наредните 20 до 30 години и се очекува кон крајот на октомври тој да биде презентиран пред Владата. 

Се работи за план за зголемување на бројот на летови, зголемување на капацитетите на аеродромите, ефикасноста и можноста за железничко поврзување на аеродромите. Инаку, концесијата на ТАВ за Скопскиот и Охридскиот аеродром завршува во 2032 година, но оваа компанија уште отсега најавува дека има интерес повторно да ја добие концесијата и со тоа и управувањето со двата аеродроми во Македонија. 

Ова беше истакнато на прес конференцијата што се одржа во атрактивното турско летувалиште Анталија со менаџментот на ТАВ организирана за македонските новинари. 

Новиот модел на субвенционирање на авио летови преку субвенционирање на авиокомпаниите ќе има огромен ефект за зголемување на бројот на авиокомпании, но и на дестинации од македонските аеродроми, смета директорот на ТАВ Македонија, Неџат Курт. 

- Колку што сум информиран има многу заинтересирани авиокомпании кои аплицирале на повикот, но во моментов не може да откријам точно кои. Веруваме дека ќе има огромен ефект за зголемување на бројот како на авиокомпании, така и на нови дестинации без разлика дали тие нови дестинации ќе бидат од една иста компанија или од повеќе различни - изјави Курт. 

Тој нагласи дека пред да биде финализиран јавниот повик претставниците на ТАВ имале редовни состаноци со Комисијата од Министерството за транспорт и врски. 

- Има пријавено авиокомпании кои се заинтересирани за дестинации кои претходно беа оперирани од аеродромите, но и за нови. Не би сакал да ги отривам имињата зошто сега се заинтересирани, вие можеби ќе објавите вест, а после можеби повеќе нема да бидат заинтересирани. Ние постојано градиме односи и преговараме со авиокомпаниите со министри, со амбасадори, особено со министрите за надворешни работи кога доаѓаат за отворање на некоја авиолинија која е барана. Имаме и наша програма за субвенции на авиокомпании, но сепак на крајот одлуката за тоа дали ќе се воведе некоја дестинација или не или, пак, дали некоја авиокомпанија ќе почне да оперира од аеродромите останува на самите авиокомпании кои ја носат финалната одлука. Се надевам дека ќе биде подобро. Ќе видиме каков ќе биде ефектот од субвенциите од Владата и како сето тоа ќе се проследи и ќе продолжи понатаму - рече Курт. 

Компанијата ТАВ од 2010 година до сега има вложено 7,5 милиони евра за субвенционирање на нови авио компании.

- Овие субвенции се независно од оние што ги дава Владата. Субвенциите се со цел да привлечеме нови авиокомпании и да отвориме нови дестинации - додаде Курт. 

Прашан за текот на истрагата за инцидентот на македонското небо од 7 септември, Курт рече дека ТАВ е одговорен за авионите кога се на аеродромот, а инцидентот се случил при прелет. 

- За прелетите над нашата територија одговорна е М НАВ, а ние сме одговорни додека воздухопловите се на земја како аеродромски оператор. Штом ќе полетаат одговорноста е на контролата на летање - посочи Курт. 

Главниот извршен директор на ТАВ, Серкан Каптан потенцира дека ТАВ во моментов оперира со три аеродроми во регионот, Скопје, Охрид и Загреб и планира да се прошири во Подгорица и Тиват. 

- Скопскиот и Охридскиот аеродром во Македонија беше нашата прва инвестиција на Балканот, а во 2014 година почнавме со оперирањето на Загрепскиот аеродром во Хрватска. Непосредно пред пандемијата имаше тендер за давање под концесија на аеродромите во Црна Гора во Подгорица и Тиват и ние сме меѓу трите компании кои беа во потесниот избор. Заради ковидот повикот беше прекинат, а од последната Влада на Црна Гора има најави дека ќе продожи процесот. Очекуваме да заврши до крајот на годинава или на почетокот на 2025 година и се надеваме дека ќе заврши - рече Каптан. 

Тој посочи дека авиособраќајот во светот закрепнува по падот предизвикан од пандемијата и дека се очекува годинава целосно да се опорави на светско ниво и да има 9,7 милијарди патници во авиосообраќајот со што ќе се надмине 2019 година кога имаше 9,2 милијарди патници на светско ниво. 

- На долг рок авиосообраќајот ќе продолжи да расте пред се поради растот на средната класа граѓани, но и поради нискобуџетните авикомпании и се очекува во наредните години да се превезуваат и по 20 милијарди патници годишно. Најмногу ќе расте во Азија и на Блискиот исток - рече Каптан и дополни дека токму Блискиот Исток ќе биде во фокусот на ТАВ. 

ТАВ во моментов управува со 15 аеродроми во 8 држави. Аеродромот во Анталија е најголем и превезува 20 милиони патници годишно. Во моментов се врши реконструкција на аеродромот вредна 2,5 милијарди евра, пари обезбедени од 12 разни банки заради добриот кредитен рејтинг што го имаат.

Директорот на Аеродромот во Анталија, Дениз Варол порача дека сакаат како најголем аеродром на Медитеранот да го пренесат своето знаење на македонските аеродроми со цел да привлечат што повеќе туристи. Најави дека наскоро на Аеродромот во Анталија ќе бидат поставени информативни табли.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип