Голема првоаприлска забава за целото семејство во Веро центар
Објавено во: Мои пари 31 Март, 2017 11:06
Денот на шегата, 1 Април, ќе се одбележи во Веро центар со голема неколку часовна прво априлска забава за целото семејство. Дружбата во сабота ќе почне од 11 часот со детската претстава „Шумски маскенбал“ која ќе се изведува во големиот хол на Веро центар. Од 12 часот ќе следи едночасовна креативна работилница за деца на која тие ќе изработуваат куклички за на рака од чорапи, хартија и други додатоци, под будното око на неколку менторисо кои подоцна ќе подготват и кратка претстава. По завршувањето на креативната работилница, забавата ќе се префрли во детското катче за изработка на шарени и весели маски, каде што децата ќе можат да ја покажат својата креативност и фантазија.
Целата забава во Веро центар ќе биде дополнета со многу музика, смеа и шеги. На првоаприлската дружба се поканети сите дечиња што сакаат да ги покажат своите маски, како и родителите кои сакаат да се забавуваат заедно со своите деца.
Организираната програма за 1 Април ќе почне од 11 часот, а планирано е да трае до 14 часот.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




