07 Декември, 2025
0.0307

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА БАЛКАНОТ: Ќе имаме екстремни врнежи, предупредува Попоски

Објавено во: Македонија, Балкан 17 Ноември, 2025 06:30

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека од вторник (18 Ноември) па се до крајот на следната седмица нашата Република Македонија  и целиот регион ќе бидеме под влијание на низок воздушен притисок односно циклонски систем со центар над Џенова.  

„Токму поради ова од запад во нашата Македонија во вторник ќе се прошируваат обилни врнежи од дожд кои ќе бидат проследени со засилен повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Локално врнежите ќе бидат проследени и со појава на грмежи а овие процеси би можеле локално да бидат застапени и во форма на невреме.

За време на овој период на повеќе места во нашата Македонија ќе наврне големо количество на дожд и тоа над 50 литри на метар квадратен а локално, особено во западните предели целокупното количество на воден талог ќе изнесува над 100 литри дожд на метар квадратен, локално дури и над 150 литри дожд на метар квадратен. Токму поради ваквата ситуација растат условите  и за локални поплавувања во текот на следната седмица во нашата Република Македонија.

Во поширокиот дел од регионот постои опасност од големи поплави во текот на следната седмица. Тоа значи дека локално, особено во соседна Албанија, Косово, Црна Гора, јужна  и југозападна Босна како и во делови од Словенија  и Хрватска ќе наврне  и екстремно количество на дожд (над 200/300 литри дожд на метар квадратен).

Поради јужното воздушно струење кај нас остануваат натпросечно високите температури на воздухот и во текот на следната седмица, тоа значи дека температурите кај нас ќе бидат без поголеми промени во однос на оние температури кои ги имаме сега“, објави тој.



* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски