20 Декември, 2025
0.1590

Горан Митевски: Безбедноста е на “климави нозе”, потребни се итни системски решенија

Објавено во: Македонија 03 Април, 2017 09:01

Добивај вести на Viber

Безбедносната состојба во земјава  е стабилна, но несигурна, прислушувањето сеуште трае но со намален обем, недовербата во системот е оправдана бидејќи подолго време не функционира Собраниската комисија за контрола на работата на УБК и АР, а не постои друга надворешна независна контрола за да се спречи злоупотребата од овој вид- вели за Фактор, Горан Митевски, поранешен  директор на  Дирекцијата  за безбедност и контраразузнавање.

Додека Собранието е заглавено во маратонски процедурални расправи, ВМРО-ДПМНЕ бара нови  избори, СДСМ формирање на Влада па дијалог, институциите се под   силни притисоци, дел од граѓаните повеќе од еден месец се на улица, прашање е  дали од политичка  кризата може  да стане граѓанска. Според  Митевски неопходно е сите политички партии да повикаат на прекинување на протестите и решавање на кризата во Собранието на Република Македонија.

“Неопходно сите надлежни институции од областа на безбедноста и одбраната да преземат мерки во рамки на нивните законски надлежности за да не дојде до нарушување на безбедносната состајба во поголем обем имајќи ги во предвид секојдневните протести организирани од  граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Неопходно е сите политички партии да повикаат на прекинување на протестите и решавање на кризата во Собранието на Република Македонија” - вели екс директорот на Јавна безбедност. 

Последниот случај со симнувањето на македонското знаме од јарболот во центарот на Куманово  според него е чин за кој најитно треба да се истражат мотивите со сослушување на двајцата приведени малолетници и нивно казнување заедно со нарачателот на ова незаконско дејствие. Само со брзо процесуирање на случајот пред надлежниот суд во Куманово вели Митевски  ќе се прати јасна порака дека нема да се дозволи потикнување на меѓуетнички тензии и дефокусирање на јавноста од престојното формирање на новото владеачко мнозинство во парламентот и избор на негов претседател.Дополнителна напнатост и притисоци како што вели има во редовите на полицијата.

“Моменталната состојба во МВР е напната заради обидите на директорите на БЈБ и УБК да вршат притисок кај одредени раководители за извршување на наредби кои се во спротивност со Законот за внатрешни работи. Исто така, постојат секојдневни обиди на директорите на овие две служби со нудење на унапредување на поединци со услов за нивна лојалност во случај на организирање на сценарио за евентуално предизвикување нереди како вовед во вонредна состојба при формирање на Влада од страна на новото парламентарно мнозинство. За жал, по промената на Оливер Спасовски од Министер за внатрешни работи и промената на раководителот на Единицата Алфа при СВР-Скопје, СЈО ја изгуби логистиката која ја добиваше од оваа Единица во минатото. Но, со конституирањето на новата Влада оваа ситуација ќе биде целосно надмината”- додава Митевски.

Прислушувањето уверува дека  трае и денес,  но како што вели  со помал обем.  Затоа и сеуште постои голема недоверба во системот.

“ВМРО-ДПМНЕ со изгласувањето на промените на Законот за комуникации и со купувањето на нопходната опрема од Израел, создаде можност за масовно нелегално прислушување, кое за жал трае и денес, иако во помал обем по уништувањето на израелската опрема. Недовербата во системот е оправдана, бидејќи подолго време не функционира Собраниската комисија за контрола на работата на УБК и АР, а не постои друга надворешна независна контрола за да се спречи злоупотребата од овој вид”-потенцира  поранешниот директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнување.

Стравот во редовите на  ВМРО-ДПМНЕ од истрагите на СЈО со кои се засегнати нејзини функционери, според Митевски се претвори во континуирана партиска критика на оваа институција како политичка испостава на СДСМ и на некои надворешни центри за уцени, притисоци, замолкнување и закана кон политичари, новинари и медиуми. Оттука смета дека е неопходно  продолжување на мандатот на СЈО и сите закони кои ќе помогнат во сваќањето дека не смее да постои неказнивост за извршено кривично дело, што од друга страна ќе влијае и на безбедноста во земјава.

“Сите во Македонија треба да сватат дека институција со најголема доверба е Специјално јавно обвинителство, за кое 63 отсто од граѓаните се изјасниле дека ја поддржуваат неговата работа. За да се случи конфликт потребно е најмалку две спротивставени страни тоа да го посакуваат. Деструктивното однесување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ засега не наидува на одговор ниту од СДСМ, ниту од албанските политички партии во земјава. Според мене, не постои опасност од федерализација и кантонизација предизвикани од Декларацијата на албанските партии, која претставува услов за формирање на идна владина коалиција. Нашата држава има воспоставено механизми, како што се непотпишување на закони изгласани во парламентот од страна на Претседателот на државата или можност на поништување на неуставни закони од страна на Уставниот суд”- нагласува Митевски.

Според него не е загрозен унитарниот карактер на државата и  нема никаков заговор за поделба и рушење на државата, ниту пак, идеи или поддршка за промена на уставното име Република Македонија. Граѓаните  како што вели треба да се чувствуваат безбедно со очекување за целосно воспоставување на владеењето на правото, како основна гаранција за индивидуалните и колективните права и слободи за сите граѓани. Дополнително очекува засилен притисок од меѓународната заедница.

“Според мое мислење, ЕУ и САД мораа до сега да воведат санкции за врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Претседателот Иванов и компании кои ги помагаа во минатото во перењето пари и други криминални активности. Во моментов не сум сигурен дали тие санкции ќе ги дадат очекуваните резултати, но факт е дека меѓународниот притисок мора засилено да продолж”- објаснува Митевски.

Излезот од кризата го гледа во итно  формирање на експертска Влада која ќе ја сочинуваат  професионалци без политички багаж, кои ќе го вратат системот во нормала и ќе ја вратат ”украдената држава” на граѓаните на Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти