Горан Сугаревски: Нaјважно од се, не сме арогантни и самобендисани
Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2019
Горан Сугаревски, министерот за транспорт и врски, додека трае кампањата на владеачката СДСМ „На прав пат“ објави статус со кој најави дека до крајот на годината ќе бидат 100-отсто завршени магистралните гасоводи и социјалните згради.
„Најважно од се, не се отуѓивме од народот, не сме арогантни и самобендисани, стоиме цврсто на земја, свесни сме дека правиме и грешки, но во од се поправаме, имаме воља и енергија за нови поместувања напред, знаеме дека има уште многу проблеми за решавање, но конечно сме НА ПРАВ ПАТ!“, напиша Сугаревски.
Додаде дека власта завршила или во моментов реконструира 44 патишта или вкупно 550 километри, инвестиција од преку 850 милиони евра што по вредност, според министерот, и обем е историски најголем потфат за модернизација на инфраструктурата
- За регионално поврзување со соседите и подобрување на економската моќ на државата ги интензивиравме работите за изградба на железницата кон Бугарија. Ја завршивме изградбата и на пругата од Битола до Кременица. Градиме водоводи и канализации што ќе им го решат цивилизацискиот проблем на 225 илјади жители. Тие што сега се обидуваат лажно да продаваат “обнова”, народните пари ги трошеа на жални врби, камен, бронза, нелегално прислушување и ги испумпуваа на оф-шор сметки, додава Сугаревски.