Горан Теменугов: Битиќи е компетентен, Бесими способен
Објавено во: Македонија 21 Август, 2020 11:31
Мандатарот ги предложи, Собранието треба да ги изгласа министрите во идната Влада. Македонија е сред еден од најголемите предизвици предизвикан од Пандемијата на Ковид-19. Здравствената криза предизвика и голема економска криза, а со тие проблеми во иднина треба да се справува економскиот тим во Владата. А предложени се луѓе кои јавноста ги знае, барем повеќето имале функции и досега. Дали ќе успеат да се справат со големиот предизвик, ќе носат ли економски одлуки кои ќе бидат во функција на граѓаните и на стопанството, со што треба прво да се зафатат. Ги прашуваме економските новинари. Горан Теменугов, уредник во Телевизијата Алсат М поединечно ги оценува персоналните решенија во владиниот економски тим.
Легенда:
1 - Ќе направи нешто
X - Непознато
0 - Сомнително
Од досега познатите предлози за економските ресори, ќе се обидам да типувам кој што може да постигне во својот мандат. Редот на министерствата е заснован врз редот кој го имаат на официјалната страна на Владата www.vlada.mk .
Вицепремиер за економија, Фатмир Битиќи – 1.
Битиќи сметам дека е компетентен и дека добро ќе ги координира ресорите. Има поддршка од идниот премиер Зоран Заев, учествуваше во програмата на СДСМ и е крајно коректен како личност (плус нема афери). Ќе направи нешто.
Министер за финансии, Фатмир Бесими – 1.
Бесими на поискусните новинари ни е познат пред се од Министерството за економија. Образован, компетентен, способен и добар организатор. Плус кооперативен, иако е ненаметелив. Ќе биде од рангот на Никола Поповски и Зоран Ставревски ако не биде под големо влијание на ДУИ.
Министерство за транспорт и врски, Благој Бочварски – X.
Тешко е да се каже. Сакам да верувам дека е способен, но не сум сигурен дали има капацитет. Треба да почекаме, па да видиме како ќе се снајде на позицијата министер.
Министерство за економија, Крешник Бектеши – 0.
Добро познат од минативе три години. Имаше потенцијал, но не го искористи. Верувам дека и во овој мандат ќе биде исто. Нема да ги направи потребните исчекори за да го санира секторот. Премногу популизам, премалку суштина – во духот на ДУИ. Штета.
Министерство за земјоделство, Атијанит Хоџа – Х.
Иако Хоџа има политичко искуство, исто како и Бочварски за мене е голема непознаница. Не сум сигурен дека ќе даде резултати, но ајде, се надевам дека ќе приреди изненадување и тоа на гостински терен, бидејќи ДУИ веројатно ќе го опструира.
Можеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




