20 Декември, 2025
0.0554

Горан Трајковски и Маја Кадиевска Војновиќ влегуваат во Одборот на директори на „Витаминка“

Објавено во: Економија 20 Април, 2022 07:21

Добивај вести на Viber

Горан Трајковски поранешниот прв човек на Управата за јавни приходи и носител на повеќе функции во минатото, но и поранешен директор на Еуростандард банка која отиде во стечај е предложен за нов неизвршен член на Одборот на директори на „Витаминка“. Освен него како нов неизвршен член во Одборот е предожена и екс гувернерката Маја Кадиевска Војновиќ. Двајцата треба да бидат избрани на претстојното Акционерско собрание кое е веќе закажано за 19 мај годинава. Во Одборот во нов мандат како неизвршни членови ќе управуваат и најголемиот поединечен акционер во Витаминка Симон Наумоски и но и професорот Благоја Ѓорѓијовски кој добива уште еден мандат. Сашо Наумоски исто така останува член на Одборот на директори. Тој за Фактор потврди дека има нови предлози за неизвршни членови на Одборот на директори и дека ќе треба да ги изгласаат акционерите на закажаното Акционерско собрание. Неизвршните членови немаат заеми или обврски кон компанијата.

Во биографијата на Горан Трајковски која веќе е прикачена кон документите за изборот стои дека тој има богато работно искуство. А последното е претседател на УО на Еуростандард Банка АД Скопје која сега е во стечај. Претходно беше директор на Дирекција за заштита на лични податоци, но и директор на Управата за јавни приходи. Трајковски нема акции во Витаминка ниту пак некакви семејни врски со некои од членовите на телата на управување.

Маја Кадиевска Војновиќ пак е поранешна вицегувернерка, со исклучително искуство, а моментно е предавач експерт на Факултетот Америка колеџ.

Благоја Ѓорѓијовски работи како редовен професор на Економскиот факултет во Скопје.  Во П.И.„Витаминка“ а.д. Прилеп до 2014 година  бил надворешен член на Управниот одбор. Од 2014 година е неизвршен член на Одборот на директори, а нема акции, нема заеми, ниту други обврски кон друштвото.

Инаку Сашо Наумоски кој моментно е генерален извршен директор и извршен член на Одборот на директори со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот промет ќе добие уште еден таков мандат. Во П.И.„Витаминка“ а.д. Прилеп поседува 7,03 отсто од вкупниот број акции или вкупно 5.390 обични акции.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба