Гостиварчани се запознаа со олеснувањата на царинските постапки
Објавено во: Мои пари 04 Септември, 2013
Испраќање на електронски пред-декларации, локално царинење на стоки, олеснетите царинските постапки и новите можности кои ги нуди Царинската управа на Македонија беа претставени пред бизнис секторот од Гостивар.
Пред гостиварските стопанственици, за поедноставените царински постапки, кои беа промовирани во март годинава, зборуваше дирекоторот на Царината, Ванчо Каргов.
- Овие средби имаа за цел да се поттикне помасовно користење на олеснувања во спроведувањето на царинските постапки како што се стоково царинење на граничните премини, примената на поедноставените царински постапки и постапки, издавањето на дозоли. На тој начин се штеди време што од друга страна ќе го подобри економски ефект, рече Каргов.
Работилницата, со Царинската управа заедно ја организира со АМЕРИТ СИЗ Македонија Сообраќај. Ова е последната во низата кои претходно се одржаа во Скопје, Штип, Струмица, Куманово, Битола и Гевгелија.
На новинарско прашање кога 12 лица вработени по Рамковниот договор ќе бидат распределни како цариници, Каргов одоговори дека неможат сите одеднаш да бидат вработени како царински службеници. - Не можат сите одеднаш да бидат вработени како царински службеници. Засега остануваат државни службеници вработени според важечките закони, рече Каргов.