Добивај вести на Viber
Како дел од програмите на Стопанската комора на Македонија, верификувани од Центарот за образование на возрасни, 11 лица денеска добија сертификат за готвач во угостителски објект по завршената обука.
Покрај оваа, верифицирани се уште четири програми на Стопанската комора на Македонија за аргон заварувач, гибсер монтер, фасадер и келнер гастрономсертификат за готвач .
Од Стопанската комора на Македонија истакнуваат дека станува збор за обуки на кадри кои се дефицитарни, а се барани на пазарот на трудот и најавуваат дека во следниот период ќе верификуваат и други програми.
„Уписите се во тек, а сертификатите кои се добиваат се признати од државата, односно од Министерството за образование и наука“, изјави Борис Тримчев од Стопанската комора на Македонија.
Директорката на Центарот за образование на возрасни Линдита Ќазими информира дека од јанаури 2012 година досега верифицирани се 39 програми за неформално образование за возрасни.