03 Мај, 2024
0.0346

ГОТВАЧИ И КЕЛНЕРИ: Ќе недостигаат ли оваа летна сезона во Охрид?

Објавено во: Економија 06 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Готвачи и келнери се двете занимања за кои ќе се бара работник повеќе оваа летна сезона на охридското крајбрежје.

Иселувањето, ниските плати, условите за работа кои не се на завидно ниво си го земаат својот данок.

Крсте Блажески од ХОТАМ вели дека и ова лето ќе недостигаат работници за во туризмот во земјава.

„И оваа година потпишуваме договори со училишта и факултети од оваа област од цела Македонија, и тренираме деца за да можат да работат во овие, но и во други дејности. Иселувањето на младите е дел од овој проблем. Можеме да се надеваме на повеќе вработувања во оваа област со градење на повеќе нови хотели, обновување на скијачки центри, каде и зимската сезона би барала нови вработувања. Да не заборавам да кажам дека и бакшишот би играл улога ако повеќе практикуваме да даваме бакшиш. Сè е врзано едно со друго“ – вели Блажески.

Биљана Пејоска Ристеска, извршен Директор на Стопанската комора за туризам на Македонија акцентот го става на стручноста и додава дека добрите кадри бараат работа надвор од државата, таму каде трудот се цени и плаќа соодветно.  Според неа, за да не се јавува недостиг од работна сила во сезона, треба да се зголемат платите кои ќе бидат мотивација.

„Туризмот како дејност е најсензитивна гранка во целокупното стопанство на една земја токму поради сезоналноста која ја има во себе т.е. период на висока и ниска сезона.Од таму и потребата од поголема ангажираност на работна сила во време на сезона и помала вон сезона.Стручноста која треба да се поседува како вештина во туризмот е специфична во зависност од профилот кој е потребен за одредена работна позиција било да се работи во делот на туризмот илиугостителството.Недостигот на кадар е токму поради немање  на доволно стручно образована работна сила во сите профили посебно профилот готвач или келнер. Оние кои се покажале низ образовниот процес во овие занимања како добри веднаш по завршувањето своето работно место го гледаат во земјите на Западна Европа или прекуокенските, поради добро платениот труд за разлика од кај нас.Тоа сè почесто го прават и оние со поголемо работно искуство стекнато низ годините.Она што треба да се превземе како превентивна мерка за да се спречи ваквата практика за пополнување на работните места е можноста за преквалификација на лица кои сакаат да работат во дејноста, а немаат претходно стекнати знаења низ редовниот образовен систем преку обуки и курсеви од неформален карактер да стекнат одредени квалификации наменети за оние работни места каде што се чувствува најголем недостиг( келнер, собарки,рецепционери и слично).Се разбира како поттик за поголема заинтересираност за вработување во туризмот и запирање на одливот на младите кадри е и подобрување на сите услови за работа меѓу кои повисока плата како вистинска валоризација на трудот“ – вели таа.

Сепак, Македонија не е изолиран случај. Ваков проблем има и во другите балкански земји, како Хрватска, Црна Гора, Словенија, а нив Европа и Австрија бара работници за во зимските ски центри. Бројката на работници која е потребна од земја во земја варира од 5000 до 20.000 или 30.000.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски