Добивај вести на Viber
Градот Скопје го распиша Конкурсот за доделување на наградата „13 Ноември“ за 2013 година, а истиот беше објавен во весниците „Дневник“, „Нова Македонија“ и „Коха“.
Како што соопштија од Градот, наградата „13 Ноември“ се доделува на физички и на правни лица како знак на признание за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието, образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштита и унапредувањето на животната средина и природата,
Наградата се доделува и за други сегменти на животот, што претставуваат посебен придонес за развојот на Скопје и неговиот севкупен напредок и афирмација во Македонија и во светот.
Пријавите за наградата со образложение и кратка биографија се поднесуваат до Одборот за нејзино доделување, заклучно со 10 септември 2013 година (Град Скопје - Градски парк, Приемна канцеларија).
Наградите ќе бидат доделени на посебна свеченост на 13 ноември - Денот на ослободувањето на градот.